Реклама
Холивуд

Рафаел Надал ќе скокне во тавче со симпатијата од детството

Реклама

Рафаел Надал ќе се жени следниот месец во Мајорка, како што јавува шпанскиот телевизиски канал Телекинко.

Тениска ѕвезда и неговата љубов од детството Мери Перело ќе го прослават овој скапоцен момент со повеќе од 500 гости, најави шпанскиот телевизиски канал Телекинко, а пренесува британскиот „Mirror“.

Маркетинг

За менито на церемонијата како што велат изворите, ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста, јави новинарката што го следи шоубизнисот Марија Патино и додаде дека Рафа избрал посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од гостите за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.

Медиумите не го откриваат точниот датум на свадбата, но според гласините двојниот победник на Вимблдон би можел да го пропушти турнирот оваа година бидејќи ќе биде на меден месец – иако „Френч опен“, турнирот кој Рафа го освоил 11 пати, ќе се одржи од 26 мај до 9-ти јуни, додека за венчавката терминот најверојатно е по 10 јуни до почетокот на јули.

Маркетинг

Тенисерот овие наводи ги нема коментирано.

Рафа и Мери Перело (Марија Франчиска Пероло) се забавуваат веќе 14 години.

Бринетата ја остави работата во осигурувањето, за да може да ја води фондацијата „Рафаел Надал“, хуманитарна организација основана пред речиси десет години. Таа е дипломиран економист и важи за повлечена личност и не сака да се изложува.

Тениската ѕвезда во март минатата година за „Ola“ изјави дека сака да формира семејство и дека токму тоа му е во план, и дека сака деца. „Би сакал во животот да го прават она што го сакаат“, изјави во таа пригода Надал.

https://www.instagram.com/p/BY3lRb5DDZC/

 

По шпекулациите за неговата свадба, тенисерот објави дека минатата година во март ја запросил својата девојка на патување во Рим. Но тогаш не можеше да размислува за венчавка бидејќи во тоа време поплави го погодија неговиот дом во Мајорка и загинаа 13 лица, меѓу кои и братучедот на еден од неговите најдобри пријатели и неговиот син.

Тенисерот за време на поплавата беше на островот и веднаш почна да им помага на жителите, а фотографиите на кои тој беше цел во кал го заокружија целиот свет.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button