Рафаел Надал ќе се жени следниот месец во Мајорка, како што јавува шпанскиот телевизиски канал Телекинко.
Тениска ѕвезда и неговата љубов од детството Мери Перело ќе го прослават овој скапоцен момент со повеќе од 500 гости, најави шпанскиот телевизиски канал Телекинко, а пренесува британскиот „Mirror“.
За менито на церемонијата како што велат изворите, ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста, јави новинарката што го следи шоубизнисот Марија Патино и додаде дека Рафа избрал посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од гостите за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.
Медиумите не го откриваат точниот датум на свадбата, но според гласините двојниот победник на Вимблдон би можел да го пропушти турнирот оваа година бидејќи ќе биде на меден месец – иако „Френч опен“, турнирот кој Рафа го освоил 11 пати, ќе се одржи од 26 мај до 9-ти јуни, додека за венчавката терминот најверојатно е по 10 јуни до почетокот на јули.
Тенисерот овие наводи ги нема коментирано.
Рафа и Мери Перело (Марија Франчиска Пероло) се забавуваат веќе 14 години.
Бринетата ја остави работата во осигурувањето, за да може да ја води фондацијата „Рафаел Надал“, хуманитарна организација основана пред речиси десет години. Таа е дипломиран економист и важи за повлечена личност и не сака да се изложува.
Тениската ѕвезда во март минатата година за „Ola“ изјави дека сака да формира семејство и дека токму тоа му е во план, и дека сака деца. „Би сакал во животот да го прават она што го сакаат“, изјави во таа пригода Надал.
https://www.instagram.com/p/BY3lRb5DDZC/
По шпекулациите за неговата свадба, тенисерот објави дека минатата година во март ја запросил својата девојка на патување во Рим. Но тогаш не можеше да размислува за венчавка бидејќи во тоа време поплави го погодија неговиот дом во Мајорка и загинаа 13 лица, меѓу кои и братучедот на еден од неговите најдобри пријатели и неговиот син.
Тенисерот за време на поплавата беше на островот и веднаш почна да им помага на жителите, а фотографиите на кои тој беше цел во кал го заокружија целиот свет.
Three-time Laureus Award winner and tennis icon @RafaelNadal pitches in to help flood victims in the nearby Majorcan town of Sant Llorenç des Cardassar.
Class on and off the court! 🙌 pic.twitter.com/WXPXOZskVL
— Laureus (@LaureusSport) October 10, 2018