Расте бројот на потврдени случаи заразени од коронавирус и во Македонија – Филипче воведува кризна состојба на овие места
Нема место за паника, и покрај тоа што постои закана од вирусот и расте бројот на заболени
Ова го предупредуваат докторите, а некои од нив ја споредуваат ситуацијата со пандемскиот грип од 2009 година, кога смртноста 2.4 отсто од хоспитализираните пациенти, додека сега, на светско ниво, од 139, 572 заразени, животот го изгубиле 5122 лица, што е под 4 отсто, и оваа бројка се очекува да се намали до крајот на епидемијата.
Што се однесува до ситуацијата во Македонија, Министерот Венко Филипче на прес конференција истакна дека денеска биле тестирани 10 лица, од кои четири нови лица се позитивни на коронавирус. „Денес од Дебар дојдоа уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти, кои покажале знаци за горно респираторно заболување. Четири се позитивни“, посочи Филипче.
Тие ќе бидат префрлени во скопската инфективна клиника и покрај лесната клиничка слика.
Филипче на прес конференција истакна дека заради новонастанатата ситуација се воведува кризна состојба во Дебар и Жупа.
Тој додава дека се ограничува движењето на лицата кои живеат во овие македонски општини.
Еве кога епидемиолозите очекуваат крај на пандемијата со коронвирусот
Медицинскиот советник на кинеската влада Зонг Наншан истакна дека се намалува бројот на заразени со вирусот корона и прецизира дека глобалната пандемија најверојатно до јуни ќе биде завршена, пренесуваат светските новински агенции. Набшан е кинески епидемиолог познат по борбата со САРС во 2003 година, и тој вели дека бројни увезени случаи со заразите Кина се со асимптоматски појави, односно дека процентот на реинфекции на болните што оздравиле е низок.
Кинеската комисија за национално здравје претходно соопшти дека врвот на епидемијата во земјата поминал, па така во централна Кина вчера имаше само седум нови случаи на зараза, а во покраината Хубеј, центарот на епидемијата, потврдени осум нови случаи и тоа е прв пат оваа бројка со новозаразени да не е двоцифрена.