Раскошно деколте и гламурозни чевли од 2189 долари – Цеца со овој тесен комбинезон направи хaoс, никогаш не изгледала поубаво!
Пејачката направи уште еден концерт за паметење
Светлана Цеца Ражнатовиќ со својата неверојатна енергија ја воодушеви публиката на концертот во Бања Лука.
Но, познатата фолк-пејачка покрај својот глас никого не остави рамнодушен и со нејзиниот беспрекорен изглед.
Имено, таа на сцената се појави во елегантен комбинезон во впечатлива розова боја кој имаше интересен детаљ на задниот дел.
Кога Цеца се сврте со грбот можеше да се види дека комбинезонот во задниот дел се врзува со црни врвки, така што изгледаше како да носи корсет.
Материјалот кој беше припиен за нејзиното тело само дополнително ја истакна нејзината фигура и раскошното деколте.
Цеца косата ја носеше во елегантна пунџа, а целото издание го „подигна“ и со бисерната огрлица и преубавиот прстен на раката.
Цеца непосредно пред настапот, на својот Инстаграм профил објави фотографија од два прекрасни модели на чевли од познатиот светски бренд, и своите обожаватели побара совет кој од нив да го избере.
Во прашање се слични розови модели од „Aquazzura“ од кои само едниот чини околу 2000 долари.
И двата модели се од најновата колекција на познатиот бренд, а како изгледаа погледнете во продолжение.
Како изгледаше Цеца на овој настап погледнете во галеријата што следува…
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ