Реклама
Вирално

Рама ќе ги преполови платите на министрите, а Грција им дава по 800 евра на вработените во затворените фирми

Реклама

Албанскиот премиер Еди Рама превзема нова мерка.

 

Маркетинг

Односно платите на пратениците и членовите на Владата ќе бидат преполовени до „крајот на војната со коронавирусот“ најави тој.

„Засега нема да допираме никакви други плати освен оние на пратениците и министрите, кои ќе добиваат само половина од платата до крајот на оваа војна. Нема да се намали платата на претседателот кому би сакал јавно да му се заблагодарам, бидејќи тој помага како што знае и умее уште од почетокот на оваа војна“, рече Рама.

Маркетинг

Додека Грција  ќе даде  државен надомест од по 800 евра , вработени во компаниите ќе добијат 500.000 што ја прекинаа работата од 15 март до крајот на април врз основа на одлуките на грчката влада за санитарни мерки поради пандемијата.

Министерот за финансии Христос Стаикурас најави дека оваа сума ќе биде исплатена на сметките на корисниците во почетокот на април, при што буџетскиот расход поради тоа ќе достигне 400 милиони евра.

Владата посочи и дека некои компании на кризата реагираат со масовни отпуштања. Министерот за труд Јанис Вруцис рече дека „сликата на пазарот на трудот во март е разочарувачка до трагична“, при што премиерот Киријакос Мицотакис предупреди дека претприемачите не треба „непотребно и неоправдано“ да ги отпуштаат вработените, што се смета за злоупотреба.

Владата забележа дека сите мерки на деловна поддршка во времето на криза поради коронавирусот се „неразделно поврзани со задржување на работните места“ и предупреди дека компаниите што сепак ќе отпуштаат вработени нема да можат да ги користат поволните мерки за поддршка. Ваквото отпуштање вработени ќе се смета за правно неважечко.

Покрај надоместокот од 800 евра, за оние чии компании беа затворени со одлуката на Владата е прогласен прекин на даночните обврски за вработените за март. Наредните такви обврски ќе бидат платени за јули.

Покрај тоа, грчката држава целосно го презеде плаќањето на придонесите на плати за сите вработени за здравственото и социјалното осигурување и за здравствената заштита. Тој буџетски трошок ќе достигне 450 милиони евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button