Реклама
Наши ѕвезди

„Раката ја баравме под автомобилот, но ја најдовме во крзнениот елек“ – сведоштво на лекарот што дојде прв да и помогне на водителката

Реклама

ДЕА врескаше на сито глас дека ја боли раката.

Се обидуваше да се јави на телефонoт кој ѕвонеше, но истиот беше целосно скршен. Имав потреба да и пристапам”, изјави во утринската програма на телевизија Пинк, Марија Димитријевиќ, девојката која прва дојде до повредената водителка Деа Ѓурѓевиќ, на која автобусот и ја скина раката во сообраќајната несреќа што се случи во Белград.

Маркетинг

Блиц известува дека Деа цело време била свесна и седела на тротоарот. „Нејзината рака беше во јакната. На почетокот не можевме да ја видиме. Погледнав и ја барав под автомобилот, само што подоцна видовме дека всушност е во тој, некаков крзнен елек што го имаше на себе“ изјави лекарот што дојде со Брзата помош, Горан Милосављевиќ.

Тие најпрво го пресекле ракавот од џемперот што таа го носеше за да го сопрат крварењето, па дури потоа ја пронашле и раката. „Ова беше една од најтешките ситуации каде што треба брзо и ефикасно да се згрижи пациентот, бидејќи може за време на транспортот да се дојде до крварење, така што раката мораше најпрво да биде згрижена.

Маркетинг

Тие додадоа дека е многу важно да се задржи екстремитетот колку што е можно повитално, така што ќе се замота со гази и се полева со физиолошки раствор за време на транспортот за да не се исуши.

Раката на водителката во болницата беше ставена на мраз, а голема среќа беше што надворешната температура на воздухот беше многу ниска, така што немаше процеси кои би ги оштетиле мускулите и кожата.

„Ние и зборувавме дека ќе биде сé во ред. Таа зборуваше дека ја боли многу, прашуваше за раката. И кажавме дека ќе ја санираме и дека е сé во ред за да не создаваме дополнителна паника која во тој момент не беше потребна “, изјави лекарот што бил на лице место.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button