Разголените фотографии од неговата мајка направија голема драма во Британија – принцот Вилијам никогаш нема да ги заборави
На младиот принц тогаш не му било лесно и тешко се носел со шегите на негова сметка од врсниците
Директорот на медиумската и издавачка куќа „Conde Nast“, Николас Колориџ (62)“ откри досега непознат детаљ како другарите од школото се шегувале со принцот Вилијам поради фотографиите на неговата мајка, принцезата Дајана, во топлес кои беа објавени во 1996 година.
Тој за оваа тема прозборува во неговите мемоари „The Glossy Years”, кои наскоро ќе го видат светлото на денот. Тој до детаљ ја раскажува средбата со принцезата Дајана која за време на скандалот со фотографиите му се придружила на ручекот и му се пожалила дека нејзиниот 14 годишен син и се јавил поприлично вознемирен од школото.
Тоа се случило една недела откако биле објавени фотографиите на Дајана на кои се сонча без горен дел од костимот за капење на еден балкон во Шпанија.
„Николас, можам ли да те прашам нешто? Но те молам, биди искрен. Дали ги имаш видено моите фотографии, оние топлес? Вилијам е многу вознемирен заради тоа, ми кажа дека некои момчиња се шегувале со него дека моите гради се премали. Дали навистина се премали, што мислиш ти?“ наводно го прашала Дајана кога седнала до него.
Тој признава дека во истиот момент се вцрвил и го доживеал еден од најнепријатните моменти во животот. Тој и одговорил дека нејзините гради се совршени, односно дека не треба да биде загрижена.
Но и Кејт Мидлтон имаше проблем со слични фотографии
По фотографиите од својата мајка, принцот Вилијам пред неколку години имаше сличен проблем и со сопругата.
Имено, пред неколку години тој побара 1.3 милиони фунти оштета од познатиот француски магазин „Closer“ кој се дрзна да ги објави топлес фотографиите на неговата сопруга и војвотка од кембриџ, Кејт Мидлтон.
Фотографиите беа направени за време на нивниот одмор, кога папараците од голема далечина успеале да ја снимаат Кејт само во долен дел од костимот за капење додека принцот Вилијам и го мачка грбот со крема за сончање. Според принцот, проблемот со фотографиите е и во тоа што го потсетуваат на неговата мајка, принцезата Дајана, бидејќи и неа ја снимале папараци, а токму тие и ја предизвикаа несреќата во која што таа го изгуби животот додека ја прогонувале во нејзиниот автомобил за да ја снимаат со љубовникот.
Објавените фотографии предизвикаа драматични реакции во Британија, но тамошните медиуми одбија да ги објават.