Температурите почнаа да паѓаат, наутро е навистина многу студено и не се излегува без јакна, а исто така и навечер. Домаќинките веќе ја спастрија летната гардероба и напред во плакарите ги извадија џемперите, јакните, долгите ракави…
Но, за нашата млада актерка Марија Јанчевска, позната од најпопуларната тинејџерска серија „Тин камп“ како Сандра, очигледно се уште е лето.
На инстаграм таа често објавува фотографии, на кои изгледа совршено како модел.
Марија е преубава девојка, згодна и атрактивна, а и одлична глумица.
Ни привлече внимание нејзината објава од фотографии во мини фустанче со летни мотиви, сино со плаво, како Миконос. Не знаеме дали се работи за стари фотографии кога нашата Марија била на море летово или сега е некаде во некоја тропска земја и ужива во сончевите зраци.
Погледнете и заклучете сами.