Радост во домот на Маја Оџаклиевска: Нова причина за славење – СЕМЕЈСТВОТО е пресреќно, вестите се преубави!
Пејачката наскоро ќе добие уште едно внуче
Во семејството на нашата поп дива Маја Оџаклиевска се случуваат само убави работи.
Легендарната македонскат пејачка Маја Оџаклиевска периодов има зошто да слави и да се радува. Нејзината помала ќерка Андреа застана на лудиот камен. Таа му кажа да на нејзиното долгогодишно момче Милош Живковиќ, брат на познатата српска манекенка Дејана Живковиќ.
На социјалните мрежи испливаа фотографии од нивната свадбена церемонија. Сѐ беше уредено како во бајка.
Мора да се признае дека Андреа ја наследила убавината од својата мајка. Андреа и Милош на вечна љубов се зколнаа на вечна љубов во црквата Александар Невски во Белград, а потоа направија вистинска мала семејна веселба на отворено, во еден локал на брегот на реката Сава.
Откако се венчаа во црква според познатите црковни православни обичаи, од пред божјиот храм младите беа дочекани и испратени со плех музика и трубачи, а зетот Милош, добро ги награди музичарите.
Поради пандемијата коронавирус, бројот на гости беше ограничен, но забава не недостасуваше. Сите се забавуваа на музика во живо.
Она што е веќе видливо на сите фотографии се трудничкото стомаче на Андреа.
Маја ќе стане баба по втор пат.
Андреа на Инстаграм сподели и своја фотографија на која го држи стомачето, па напиша емотивна порака:
„Таму каде што расте надеж, таму чуда процветуваат“.
Андреа е доста активна на социјалните мрежи. Студентка по туризам и често споделува фотографии од своите патувања, но и со нејзината мајка.
Таа секогаш пишува емотивни пораки посветени за нејзината мајка. „Другарка мајка“, стои во описот на една нивна заедничка фотографија на која премногу се гледа сличноста меѓу нив.
„Знам дека ќе бидам успешна, професионална, убава жена, затоа што ги имам твоите гени. Твојата љубов и поддршка ми значат ѐ, мама“, напиша Андреа на Инстаграм.
Покрај својата ќерка Андреа, Маја ја има и ќерката Теа, која ѝ го доподари внукот Лука пред шест години.
Маја долги години не е во добри односи со ќерката Теа и самата се грижи за својот внук, со помош на неговиот татко.
„Теа си замина. Јас самата се грижам за внукот. Не можам многу да зборувам за тоа“, рече во едно интервју Оџаклиевска.
Нејзината ќерка на својот Инстаграм профил има некои постари фотографии од синот, има од сестра ѝ, но нема ниту една со мајка ѝ. Инаку, познатата пејачка денес живее во Белград сама со внукот и како што вели, задоволна е од пензијата со која може да му подари пристоен живот.
Оџаклиевска вели дека е многу среќна што нејзиниот внук разбира кога таа нема доволо пари да му купи некоја играчка која тој ја посакува.
„Не можам на мојот внук да му пружам многу со мојата мала пензија, но тој ме разбира. Кога ќе кажам ‘Не може баба тоа, нема пари“, тој не е среќен, ама молчи. Не е бесно дете кое сака по секоја цена да биде по негово“, беше искрена Маја која потполно отворено зборува на оваа тема.
ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук
ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук
ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук
ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук
ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук
ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук