Реклама
Наши ѕвезди

Рада Манојловиќ итно примена во болница: Пејачката беше во страшни болки цела ноќ

Реклама

Пејачката Рада Манојловиќ, која во минатото веќе имала повреди на ‘рбетот, неодамна, наводно поради тоа цела ноќ ја поминал во големи болки.

Како што се наведува, пејачката поради повреди итно била примена во болница, па морала строго да ги почитува советите од лекарите, што досега наводно не било случај.

Маркетинг

-Го повредила ‘рбетот додека играла пинг понг, а сега повторно оди кај киропрактичар кај кого претходно одеше зошто беше вкочанета. Уште тогаш ја предупреди да внимава и да не прави нагли движења, но Рада не го послушала тогаш. Затоа сега одмара и ако се придржува кон неговите совети наскоро се ќе биде во најдобар ред, вели извор близок до пејачката.

Маркетинг

Рада, инаку во една прилика е фотографирана кај киропрактичар, и тогаш откри:

– Дојдов да го лекувам ‘рбетот. Проблем имам затоа што сум мрзлива за се во животот, па така и кога здравјето е во прашање. Само што ќе почнам малку да се лекувам, ми станува подобро и јас престанувам. Докторот вели дека морам да доаѓам почесто, а не само еднаш на шест месеци, а јас се опуштам и сама на себе си велам дека е добро и не треба повеќе да одам и тука грешам. Раната никогаш не се излекува доволно, туку само малку за да можам да функционирам. Кај лекарот ќе морам почесто да одам. Може тој ќе ме спаси од Швајцарците, раскажа своевремено Рада.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button