Реклама
Вирално

Работници, до крајот на годината треба да ви легнат 10.000 денари на банкарските сметки – пријавете ги оние што НЕМА да ви дадат К-15

Реклама

Компаниите и фирмите од приватниот сектор до крајот на годината мораат да ја исполнат законската обврска на своите вработени да им поделат регрес за годишен одмор, попознат како К-15.

Оние што нема да исплатат К-15 ризикуваат да бидат казнети со парична казна од 1000 до 4000 евра, а предвидени се и затворски казни до година дена за оние работодавачи кои ќе поделат К-15, а потоа од работниците ќе бараат да им ги вратат парите, што во минатото не ретко се случуваше. Покрај тоа доколку се случи вработениот да го тужи работодавецот, тужениот ќе мора да ги плати и сите судски трошоци, плус сумата предвидена за К-15.

Маркетинг

Според Општиот колективен договор за стопанството, минималната сума се пресметува како 40 проценти од објавената просечна плата во последните три месеци пред исплатата. Исто така лимитирана е и максималната сума, а до неа се доаѓа на истиот начин, но од бруто платата. Така, во фирмите во кои К-15 ќе се исплаќа до крајот на овој месец, на сметките на вработените треба да легнат од 10.058 денари до близу 15.000 денари. Минималната плата во државата според која се пресметува регресот секој месец по малку расте, па подоцнежната исплата на К-15 и чекањето на крајниот рок, за работодавците значи и поголем трошок.

Право на оваа исплата имаат сите вработени кои во иста фирма се полни шест месеци во календарската година.

Маркетинг

Оние кои во иста година направиле стаж од по шест месеци во две различни фирми треба да очекуваат до крајот на годината К-15 да добијат и од двете.

Рокот кој го имаат работодавачите за да го исплатат овогодинешниот надоместок за к-15 истекува на 31 декември, а голем дел од компаниите од приватниот сектор во Македонија го чекаат последниот момент за да ги израдуваат своите работници. Меѓутоа, во последните неколку години не е мал и бројот на компаниите кои не го чекаа декември за да ја извршат оваа исплата на своите работници.

Општиот колективен договор за приватниот сектор кој овозможува исплата на К-15 на работниците беше потпишан пред шест години, односно во 2013 година од страна на Сојузот на Синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.

Истиот важи само за работниците од приватниот сектор, односно вработените во државна администрација не добиваат к-15 иако го бараат веќе со години.

Но според најавите, од следната година и тие би можеле да добијат прво на регрес за годишен одмор затоа што наскоро треба да се потпише нов Колективен договор за јавниот сектор во кој ќе бидат вклучени и одредби за К-15, но и доколку се потпише ќе важи од следната година.

Кои фирми се исклучок

Фирмите кои имаат финансиски тешкотии, според Колективниот договор можат да одат со суми кои се пониски од законски утврдениот минимум. Но оваа сума тие можат да ја исплатат само со потпис на синдикалниот претставник или на претставникот на работниците во компаниите кои немаат синдикат. Ова често се злоупотребува од работодавците, бидејќи за да избегнат казни, знаат на своите работници да им дадат К-15 од само 100 денари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button