Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Работи што треба да ги знаете ако сте вљубени во маж Вага

Реклама

Вагите се познати како едни од најнеодлучните хороскопски знаци. Понекогаш навистина знаат да претераат.

Кога ќе го запознате ќе помислите како е неодолив бидејќи е шармантен, љубезен, комуникативен, духовит и пријатен,  но знајте дека тоа е само една страна од неговиот карактер. Тој секогаш прави баланс помеѓу она што го чувствува и она што го мисли, помеѓу своите но и туѓите чувства, па често е неодлучен, иако остава спротивен впечаток.

Маркетинг

Сака секогаш да биде известен за работи кои се од негов личен интерес, па некогаш и за работи од општ интерес. За да го постигне тоа мора да има многу познаници од кои секогаш дознава нешто што би го интересирало и што би било од помош. Но, во љубовта воопшто не  е таков, него треба да го прифатите како личност на која не можете да се потпрете, бидејќи ни тој сам не може да смета на себе си….

Маркетинг

Една од најпознатите карактеристики на мажите родени во знакот на Вага е нивниот шарм.

Нивната релаксирана природа и љубезно однесување. Тие имаат вродена харизма што ги привлекува жените.

Каде и да одат, сакаат да создаваат нови познаници и пријателства. Тие добро се согласуваат со сите луѓе, а луѓето сакаат да бидат во нивната компанија.

Имаат многу избалансиран пристап кон животот.

Никогаш нема да донесат брзи одлуки или да имаат екстремни ставови за ништо. Што и да прават, тие размислувале за тоа.

Тие имаат тенденција да ја разгледаат ситуацијата од секоја гледна точка.

Една од слабостите на машките Ваги е дека тие се многу неодлучни. Тоа се случува затоа што тие ги гледаат работите од секоја гледна точка пред да донесат одлука. Сепак, дури и после тоа, тие не се способни да одлучуваат, особено ако одлуката е поврзана со нивната кариера или ако тие треба да направат некоја важна животна одлука. Во овие случаи, тие генерално се потпираат на други да одлучат за нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button