Реклама
Вирално

Работи кои НИКОЈ НЕ ГИ ЗНАЕШЕ за Славјанка Петровска – еве што најмногу ја опушта новата министерка за одбрана

Реклама

Припаѓа на новата генерација на политичари кај кои се гледа одмереноста, елоквентноста и е во постојана афирмација на своите и на ставовите на партијата на која припаѓа.

Славјанка Петровска го зазема местото на Радмила Шекеринска и е новата министерка за одбрана на Македонија.

Родена е во Скопје во 1982 година, дипломирала на правиот факултет „Јустинијан Први“, одлично зборува англиски јазик, а се сужи и со италијански и руски.

Маркетинг

Таа во емисијата Магазин зборуваше за приватниот живот, па откри работи за неа кои скоро никој не ги знаеше.

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

Иако политичарите малку сакаат да зборуваат за својата приватност, таа смета дека народот заслужува да знае повеќе за животот на оние кои ја водат нивната држава.

-Ако гледаме по тоа што сѐ се емитува на телевизиите, ќе видите дека голем дел од времето на граѓаните го одземаме ние со политиката.

Кога си даваме право да бидеме присутни и ги оптовауваме да ја следат политиката, сосема е оправдано интересот на граѓанте да знаат какви сме ние приватно.

Во Собрание се подготвуваме за настапи, но она што сте во приватниот живот е тоа што навистина сте, кажа Славјанка.

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

Таа призна дека е ранобудник, дека денот ѝ почнува во 8 часот, со задолжително читае на новостите кои се случуваат во земјава.
Доколку ги погледнете нејзините социјални мрежи ќе сфатите дека е многу активна, но не објавува приватни фотографии.
-Мене ми е правило да не објавувам фотографии од службеnи патувања, затоа што не мислам дека Фејсбукот треба да биде полн со nив. Сакам да фотографирам со телефонот колку умеам, иао пријателите се шегуваат дека не сум многу умешна.

Сакам убави пејсажи, но не сакам јас да бидам во фокусот на фотографиите. Во принцип порано, кога се активирав на Фејсбук, може да видите дека сум пишувала сѐ и сешто, дури и јас се чудам. Ако се вратам тогаш веројатно истото би го напишала, кажа минитерката.

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

Детството ѝ поминало во скопската населба Ченто, во постајанa игра со другарчињата.

Нејзиниот татко сакал таа да се запише на електро и затоа имале долга дебата дома, во која нејзина задача била да го убеди дека треба да студира на правен.

Она што малкумина го знаат за министерката е тоа дека таа одлично умее да готви.

-Знам да готвам, ми велат дека готвам добро. Вообичаено ги прашувам што сакаат да им зготвам, поприлично се снаоѓам добро во желбите. Сарма знам да виткам, неодамна најдов еден трик за подготовка на грав, ама купувам полуготов грав од конзерва и така го доправувам, иако повеќе сакам да готвам храна која е нетипична за нашата средина и нешто што не треба многу долго, откри Петровска.

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

Љубител е на пешачењето и вели дека тоа најмногу ја опушта после еден долг, стресен, работен ден.

-Во летно време и пролет, па и есен кога времето дозволува, без разлика колку е доцна сакам да излезам и многу добро да испешачам. Знам да се облечам спортски со патики, и да испешачам поприлично долга километража. Пешачењето ме опушта и ми дава енергија да продолжам. Многу често пријателите ми замеруваат, така што тие што не можам да им обрнам внимание ги поканувам да ми се прдружат на прошетките на Кеј, заврши министерката.

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

ФОТО: Фејсбук / Славјанка Петровска

 

Поврзано

Back to top button