Реклама
Нега и здравје

Работа пред 10 часот наутро НЕ е добра за здравјето на луѓето, велат научниците

Реклама

Професорот д-р Пол Кели од Универзитетот Оксфорд, потврди дека секој што работи, учи или оди на училиште во утринските смени чувствува на сопствена кожа дека секоја работа пред 10 часот наутро е тортура за човечкиот организам.

Истражувањето кое тој го спроведе покажа дека работното оптоварување пред 10 часот ги прави работниците исцрпени, подложни на стрес и болест.

Маркетинг

Не можеме да го промениме нашиот биолошки ритам

Имено, човечкиот биолошки ритам пред 55-годишна возраст е целосно некомпатибилен со работното време од  9 до 7 или од 8 до 16 часот. Недостатокот на спиење е подеднакво штетен за човечкото физичко и ментално, или емоционално здравје, предупредува д-р. Кели.

Др. Пол објаснува дека биолошкиот ритам не може да се промени и навикне со организмот: „Не можеме да го смениме 24-часовниот ритам. Вие не можете да го научите телото да станете во одредено време. Вашето тело ќе биде прилагодено на сончевата светлина, а вие не сте свесни за тоа“.

Маркетинг

Биолошкиот ритам е еден вид биолошки часовник, или генетски програмиран циклус кој ја регулира нашата активност на мозокот, нивото на енергија, продукцијата на хормони и перцепцијата на времето, меѓу другите.

Научниот тим во Оксфорд го води проектот „Teensleep“, кој има за цел да ги запознае училиштата и да им посочи дека децата треба да одат по 10 часот во училиште, да ги едуцира за квалитетот на спиењето и да ги мери можните позитивни ефекти од квалитетниот начин на живот.

Поврзано

Back to top button