Реклама
Наши ѕвезди

Пyкна тиквата, Брена остана без снаата – Виктор се раздели од Сандра Миљаковиќ, а по короната планираа да направат свадба?

Реклама

Оваа вест ги изненади сите, посебно што Брена секогаш имаше само позитивни зборови за девојката на својот син.

Помладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, повторно е без девојка. Како што пренесе српскиот „Курир“, тој се разделил од неговата девојка Сандра Миљаковиќ по две години врска.

Маркетинг

Во прилог на тоа сведочи и фактот што синот на Брена на својот Инстаграм ги избриша сите заеднички фотографии.

Но тоа не е сé. Виктор со семејството остана на Црногорското приморје, каде ужива на јахтата на неговите родители, додека сега веќе поранешна девојка со пријателите се забавува на фестивалот Егзит во Нови Сад.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Инаку, ова не е прв пат тие да имаат турбулентен период во нивната врска. Пред година дена Сандра го остави Виктор затоа што наводно во мобилниот телефон му пронаѓла пораки кои ги разменувал со друга девојка.

Тие сепак успеаја да ги надминат несогласувањата и до скоро имаа одлична врска. Постојано бeа заедно и патуваа низ целиот свет и секојдневно објавуваа заеднички фотографии од егзотичните дестинации.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Како што пренесуваат медиумите, проблемите настанале по прослава во еден ресторан во Белград каде неговата мајка и Саша Поповиќ организира журка по повод продажбата на Гранд. Тие тогаш беа заедно и ништо не укажуваше на тоа дека само за неколку дена ќе се разделат.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Од фотографиите што Сандра ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека одлично се забавува со пријателите.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Инаку, Виктор пред некое време за медиумите призна дека со Сандра планирале да направат свадба.

„Планираме гала – прослава со 500 гости. Ние од фамилијата Живојиновиќ сме многу, така што планираме да најдеме голем простор на отворено. Нема да правиме свадба се додека потполно не се смири ситуацијата со коронавирусот. Но на Сандра и на мене не ми пречи да чекаме, ние се однесуваме како да сме веќе во брак“, рече Виктор тогаш.

Но очигледно Виктор и Сандра во меѓувреме ги промениле „плановите“. Како што пренесуваат медиумите, тие останале во коректен однос, но дали ќе се смират или не, останува да видиме во периодот што следува.

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button