Пpoвокативно издание на нашата позната водителка – ужива во БРАЧНИОТ живот, исполнета и среќна како никогаш досега
Водителката ужива во брачниот живот…
Познатата водителка Елена Стефановска (сега Најдоска) објави неколку преубави фотографии на социјалните мрежи.
Имено, Елена позираше во провокативно издание под водопадот Орлиас што се наоѓа на падините на планината Олимп во Грција, па под објавата доби дузина коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Познатата водителка позираше во тексас шорц и патики, а фокусот беше во горниот дел каде носеше костим за капење со длабоко деколте со кое новопечената сопруга го нагласи овој дел од телото. Таа преку него носеше портокалова кошула со интересен крој, додека на главата имаше шешир и тренди очила за сонце кои се нејзин заштитен знак.
Потсетуваме, Елена неодамна застана на лудиот камен, а за нејзината свадба долго време се зборуваше.
Веселбата беше во еден познат скопски хотел, а фотографиите што таа тогаш ги објави ги воодушевија сите.
Елена на свадбата изгледаше како принцеза од бајките, како во елегантната, бела, класична венчаница што ја носеше на првиот танц, така и во помодерната креација со која што ја заврши свадбената церемонија.
Како таа изгледаше тогаш во венчаниците од Моника Димова и Мила Нова, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска