Реклама
Вирално

Пoчина позната холивудска актерка, пет дена пред својот 97 роденден – НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ згасна во сон, во домот во ЛА

Реклама

Анџела Ленсбери пoчина на 96-годишна возраст…

Ѕвездата од хит серијата „Убиcтво, напиша таа“ мирно пoчина на сон во нејзиниот дом во Лос Анџелес – пет дена пред нејзиниот 97-ми роденден

Маркетинг

Нејзините деца со тага објавија дека нивната мајка пoчинала мирно, во сон, во нејзиниот дом во во Лос Анџелес, на 11 октомври 2022 година.

Ѕвездата пoчина само пет дена пред нејзиниот 97-ми роденден. Позната е по улогата на мистериозната писателка и детективка, Џесика Флечер, од серијата „Убиcтво, напиша таа“, која се емитуваше од 1984 до 1996 година.

Маркетинг

За нејзината улога во серијата Ленсбери беше десет пати номинирана за Златен глобус, а освои четири, со што го освои рекордот за најмногу номинации за Златен глобус и награди за најдобра актерка во телевизиска драмска серија.

Исто така, има 12 номинации за Еми награда иако никогаш не ја добила, но затоа има освоено пет награди Тони, како и награда за животно дело.

Во 2013 година доби Оскар како признание за нејзината 80-годишна актерска кариера. Претходно три пати била номинирана за Оскар.

Ленсбери се прослави во Холивуд и на Бродвеј во текот на нејзината импресивна кариера од осум децении во текот на која има одиграно низа незаборавни улоги, од негативци, до детективка и комични улоги, на филм, телевизија, како и на театарската сцена.

Родена е во Лондон, а првата поважна улога ја добила на возраст од само 14 години. Од Обединетото Кралство се сели во САД каде набргу станува ѕвезда. Глуми заедно со славни имиња како Ингрид Бергман, Џин Кели и Кетрин Хепберн. Сепак, на многу љубители на телевизијата најпозната им е по улогата на Џесика Флечер во познатата американска криминалистичка серија „Убиcтво, напиша таа“, која се прикажуваше за 12 сезони, од 1984 до 1996 година.

Освен оваа улога, Ленсбери се стекна со светска слава и преку широка низа други улоги на сцената и на екранот. Меѓу другото, го позајми гласот на г-ѓа Потс во анимираниот филм на Дизни, „Убавицата и ѕверот“ од 1991 година.

Ленсбери се омажила двапати во текот на живот, прво со актерот Ричард Кромвел, кој бил 16 години постар од неа, во 1945 година, но бракот не траел ниту една година. Во 1949 се омажила по втор пат, со актерот и продуцент Питер Шо, со кој биле заедно повеќе од 50 години, до cмpтта на Шо во 2003 година. Од бракот со Шо добива две деца, синот Ентони и ќерката Диардре.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button