Путин се држи под контрола: Руските научници со Јапонците пред голем пронајдок во борбата против короната
Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека би можело руско – јапонскиот брз тест за коронавирусот да се појави веќе во април.
Путин додаде и дека состојбата со ширењето на коронавирусот во Русија е под контрола.
-Ситуацијата во целина е под контрола. Медицинските организации, пограничните и другите служби работат во режим на зголемена готовност – рече претседателот на состанокот со членовите на владата.
Путин ги повика руските власти да бидат максимално мобилизирани и да дадат се од себе во ситуацијата соширењето на коронавирусот.
-Руските граѓани треба да имаат сеопфатни информации за коронавирусот,за да се елиминира секоја можност за ширење на гласини и шпекулации, додаде тој.
-Граѓаните мора да знаат со каква закана се соочуваме, какви мерки презема државата и што треба секоја да направи за да ги заштити блиските и самиот себе – рече Путин.
Тој оцени дека Русија, благодарение на навремените оперативни мерки, успеа да спречи масовно продирање и ширење на вирусот.
-Како што знаеме, вирусите не познаваат граници. Сепак, благодарениена оперативните мерки преземени од порано и на регионално ниво успеавме да го запреме масовното продирање и ширењето на болеста во Русија – рече тој.
Путин Русите ги повика да ги прифатат мерките кои државата ги спроведува и истакна дека нивното спроведување е задолжително.
– Неопходно е да осигуриме најстрога, жестока контрола. Ги молам граѓаните кон тие мерки да се однесуваат со разбирање, заклучи Путин.
– Вонредните мерки кои се применуваат во Европа се, според неговото мислење оправдани. Во другите земји, вклучувајќи ги и европските, ситуацијата е сложена и практично секој ден драматично расте бројот на заболените, а мерките кои се преземаат – карантин, затворање на границите, запирање на авиосообраќајот и други, очигледно се оправдани и изнудени од објективните околности, додаде Путин.
Кинеските власти на 31. декември ја известија Светската здравствена организација за епидемијата од непознато воспаление на белите дробови во градот Вухан во централниот дел од земјата. Кинеските експерти утврдија на 7 јануари дека причинител на болеста е коронавирусот 2019-nCoV (2019-nCoV), кој подоцна е официјално наречен КОВИД-19.
Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија од новиот коронавирус. Првите случаи на зараза од овој коронавирус се забележани кон крајот на 2019 година во Кина. Според најновите податоци на на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во повеќе од 150 земји во светот заразени се повеќе од 188 илјади луѓе, од кои повеќето се опоравија, а над 7.000 ја загубија битката со болеста.