Реклама
MAMAБебиња

„Пумпата за молзење ме излудуваше. Бев буквално пред нервен слом“ – познатата актерка зборува отворено за мајчинството и доењето

Реклама

„Се чувствував толку среќна кога бев со моето бебе. Знам дека многу жени не можат да дојат и затоа сум многу благодарна што бев еден од оние кои немаа никакви проблеми со тоа. Но ми требаше пауза. Јас бев буквално пред нервен слом ”

Хилари Даф, позната актерка која ја роди ќеерката Банки Виолет Баир на крајот од октомври минатата година, објави дека одлучила да престане да дои.

Маркетинг

Хилари, на своите следбеници на социјалните мрежи им ја објасни нејзината одлука за мајчинство, што беше исклучително тешко за неа, но беше неизбежна. Ја посвети на сите жени, особено мајките кои дојат .

„Минатата недела решив да ја одвикнам мојата 6 месечна ќерка од цицање. Се откажав, но знаете ли зошто? Да бидам искрена, измолзувањето ме излудуваше. Немав воопшто време, млекото знаеше да ми се најде во косата или во палетата сенки додека истовремено ме шминкаа на сет. Имав електрична пумпа за измолзување млеко која дополнително ги влошуваше работите и испушташе ужасен звук кој деноноќно ми проаѓаше низ глава. Со таа машина, верувајте ми, многу се дружев и на полноќ и во три часот наутро”, пишува Хилари својата исповед.

Маркетинг

„Без оглед на сè, уживав во секој момент. Бев среќна додека бев покрај своето бебе. Знам дека многу жени не можат да дојат и поради тоа сум благодарна што сум една од оние кои немаат проблем со тоа. Сепак, ми беше потребна пауза, се наоѓав буквално пред нервен слом. Кога почнав да работам, сè отиде толку далеку што мислам дека ќе се скршев доколку не го прекинев тој маѓепсан круг. Имено, кога бев дома, Бенкс стануваше незаинтересирана за доење, тоа ме растажуваше и се чувствував како да потфрлам. Ние мајките се внесуваме во улогата на супержени бидејќи тоа и сме. Правиме многу повеќе отколку што би требало!”, напиша Даф.

https://www.instagram.com/p/BxLgOfuAqbe/?utm_source=ig_embed

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button