Очигледно е дека кожените панталони или панталони од еко кожа (скај) не излегуваат од мода со години. Штом залади и дојде есента, ова парче е избор за многу дами. Овие панталони можат да се комбинираат и во елегантна, но и во спорска варијанта, зависи кој стил го преферирате, но модните експерти ќе ви речат комбинирајте ги во елегантен правец и не експериментирајте многу со патики. Како и да е еве ја есента и еве ги сите варијанти на кожени облеки кои ќе се носат и оваа сеозна.
Нашата модна дизјанрка Ивана Кнез веќе ја објави својата најнова колекција, модна линија направена од скај.
Таа покажува различни модели направени целсоно од еко кожа.
КАФЕНО
Кафен тесен фустан до колена. Ова е модел за жени кои сакаат да изгледаат дотерано и во 7 наутро.
Оваа облека можете да ја носите на работа, но и на свадба.
Со отмен шешир, големи очила за сонце и високи потпетици ќе изгледате како од некој филм. Погледнете како добро го носи овој фустан Кнез.
ЦРНО
Најголомиот процент од жените одбираат кожена облека во црна боја, почнувајќи од јакна, па до панталони.
Актуелните мантил се исто така добитен погодок за во есен, а одговараат со се. Кнез направила одличен аутфит.
Во ова ќе изгледате како да сте излегле до некој ретро спот.
БОРДО
Веќе зборувавме за тоа дека бојата на оваа есен е бордо. Нашата дизајнерка покажува дека жените треба да се чувствуваат самоуверено и тоа да го покажат преку својата облека. Бордо долг мантил кој можете со ремен да го носите и како фустан. Со ова ќе изгледате како да се излегле од насловна страница.
Кнез „си грми“ во сопстевената креација, но ова е парче за секоја жена.
Во ритамот на бордото дизјанерката направила одлична фотосесија со популарната пејачка Бојана Скендеровски која е нејзино заштитно лице од неодмана.
Овде ќе погледнеме убави широки пантолони со џебови од страната за храбри жени и пенсил здолниште за вистинските дами.