Проѕирниот фустан на Александра Заева направи хаос на Инстаграм – матурантката во издание кое никого НЕ остави рамнодушен
Нејзините пријатели се воодушевени од ова издание
18-годишната ќерка на нашито премиер Зоран Заев оваа година е матурантка, а за нејзиното матурско издание не престанува да се зборува на социјалните мрежи.
Имено, Александра за оваа важна вечер во нејзиниот живот, избра црна долга тоалета направена со транспарентни детали и проѕирен корсет во горниот дел покажувајќи дека понекогаш и умерено провокативните модели можат да изгледаат мошне елегантно и софистицирано.
Покрај ваквиот полупроѕирен фустан какви во последно време избираат и познатите дами за на црвениот килим, Александра целото издание го заокружи со убава, ненаметлива шминка и впечатлива црна огрлица, а посебно не воодушеви и со нејзината елегантна фризура.
Нејзините пријатели беа воодушевени, а под фотографиите можеме да прочитаме коментари како: „Кукла, убавица, најубава“, „Најубавата девојка на светот“ и сл.
Па, од 1 до 10 со колку би го оцениле ова елегантно и гламурозно издание на Александра?