Проѕирниот фустан и се вовлече во задникот – на црвениот килим позираше без долна облека, па во еден момент и се случи незгода
БРИТАНСКАТА ријалити ѕвезда, Монтана Браун, го привлече вниманието на црвениот тепих на доделувањето на наградите „BRIT Awards“.
Но тоа не беше поради преубавото модно издание, туку заради незгодата што и се случи пред фоторепортерите. Имено, Монтана беше облечена во проѕирен фустан во боја на кожа со кој дополнително ја нагласи нејзината совршена фигура. Но, во еден момент, нејзиниот фустан се вовлече во незгодно место, а фотографот не ги пропушти таквите детали.
„Всушност, не носам долна облека”, откри Монтана претходно за британските таблоиди. Таа, исто така, во краткото интервју за „The Sun“ призна и дека ја копирала претходната комбинација на манекенката Бела Хадид.
„Не ми е гајле, таа е моја модна инспирација”, рече таа.
https://www.instagram.com/p/BuHXF3FgMV5/
Монтана се прослави со појавување во ријалитито „Love Island“ кое во Британија се емитуваше во 2017 година.
https://www.instagram.com/p/BuIv6nuA0C6/