Реклама
MAMAКафе муабет

Прошталното писмо на Вирџинија Вулф е дефиниција за права љубов

Реклама

Вирџинија Вулф е англиска писателка, критичарка, есеистка, и интелектуалка од првата половина на XX век.

За време на периодот меѓу двете светски војни, Вулф била значајна фигура во лондонското литературно друштво и централна личност во влијателната Блумсбери група на интелектуалци. Таа се смета за еден од најистакнатите модернисти на 20 век, пионер во користењето на текот на свеста како наративно средство и еден oд основачите на модерниот психолошки роман.

„Најдраги, Убедена сум дека полудувам. Не можеме да поминуваме низ уште еден страшен период. Овој пат нема да закрепнам.Почнувам да слушам гласови и не успевам да се сконцентрирам. Така што, ќе го направам она што ми изгледа како најдобро решение.

Маркетинг

Ми ја даде најголемата можна среќа. По секое прашање беше најдобар маж. Не верувам дека двајца луѓе би можеле да бидат посреќни, додека не се појави оваа ужасна болест. Не можам повеќе да се борам со тоа, знам дека ти го уништувам животот и дека без мене би можел да работиш. И ќе можеш, го знам тоа.

Гледаш дека не успевам ни ова да го напишам како што треба. Не можам да читам.Она што сакам да го кажам е дека ти ја должам сета своја животна среќа. Беше бескрајно трпелив со мене и неверојатно добар. Ако некој можеше да ме спаси, тоа би бил ти.Ме напушти сѐ освен увереноста во твојата добрина. Не можам да продолжам да ти го уништувам животот. Мислам дека двајца луѓе не може да бидат среќни колку што бевме ние“.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button