Реклама
Вирално

Прошетка во царството на орхидеите, ова е најубавата градина на светот – уживајте!

Реклама

Иако поради епидемијата од коронавирус не е време за пакување на куферите и тргнување на пат, а со оглед на тоа што орхидеите се тропско цвеќе и најубавите градини со орхидеи се наоѓаат во далечните краишта, таковото патување и без тоа не им е достапно на сите.


Меѓу најубавите градини со орхидеи се хавајската Akatsuka Orchid Gardens, Orchid Garden во Куала Лумпур, The Durban Botanic Gardens во Јужна Африка. И Европа има свои градини со орхидеи како што е Ботаничката градина во Готенбург.

Сепак, за најубава градина со орхидеи се нарекува Националната градина на орхидеи (National Orchid Garden) во Сингапур.

Маркетинг

Оваа градина е првото место во Сингапур кое УНЕСКО го стави под своја заштита како културно наследство, а минатата година прослави 160 години постоење.

Посетителите овде можат да видат повеќе од 1.000 видови орхидеи и уште двојно повеќе хибридни видови од ова преубаво цвеќе, а во паркот постојат и уште 60.000 други цветови. Секако тука има други разновидни тропски билки.

Маркетинг

Тука постои и една атракција како The Cool House во која се симулира климата на тропските магловити планини во кои растат орхидеите кои успеваат само на студ, а во неа може да се види и голема збирка на билки месојади. Во Tan Hoon Siang Misthouse исто така можат да се видат најпочитуваните и наградуваните култивирани орхидеи.


Orchid Garden е изложба на орхидеи кои името го добиле според угледни личности кои ја посетиле оваа земја. Меѓу другото, има и орхидеја на принцот Вилијам и војводката Кетрин, додека Celebrity Orchid Garden е ботаничка верзија на холивудскиот Булевар на славните. На пример, фановите на боречките вештини на популарниот актер Џеки Чен овде ќе откријат дека тој овде има своја орхидеја.

Погледнете ја најубавата градина на орхидеи во светот:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button