Бананите се вкусни и можат да се јадат дури и кога се презреани, па и кога се потполно во кафеава нијанса.
Но што се случува со зелените банани? Тие речиси се бескорисни, а ако на располагање имате 3 дена за да зелените банани ја добијат својата препознатлива жолта боја, можете да го пробате и овој едноставен трик. Потребно ви е само да имате во вашиот дом банани и микробранова печка.
Најпрво со виљушка издупчете ја бананата од сите страни за топлината полесно да влегува. Потоа бананата ставете ја во микробрановата печка, од 30 до 60 секунди, и тоа е тоа. Вашата банана ќе ја добие посакуваната боја.
Кога ќе ја извадите бананата од микробрановата печка најверојатно ќе изгледа грозно, но не грижете се – нејзината текстура ќе биде подеднаква на текстурата на бананите што се совршено зрели. Исто така бидејќи најдобриот леб од банани се подготвува токму од зрели банани (погледнете го и видеото), на овој начин можете и брзо и едноставно да ги обезбедите најдобрите состојки што ви се потребни.
Но не заборавете бананата пред консумирање да ја изладете. Се додека можете да ги прескокнете стандардите за тоа како една идеална банана треба да изгледа, на овој начин секој пат можете да добиете совршена зрела банана.
Имате ли вие некоја ваша метода со која го забрзувате зреењето на бананите?
Споделете го со нас во коментарите…