Професор по историја од Македонија ја однесе победата во едно од НАЈГЛЕДАНИТЕ музички шоуа на целиот Балкан!
Тој освои најмногу гласови од публиката!
Победниците од оваа сезона како награда ќе добијат една песна како и реклама од „Гранд продукција“.
Оваа година победниците се избираа во три категории, па така победникот од гласовите преку Фејсбук е Дубравко Биондиќ – Дуба, кој не можеше да ги сокрие емоциите па се расплака на сцената, додека најмногу гласови преку СМС пораки доби пејачот од Македонија Бобан Цаневски.
На крајот своите гласови ги подели и стручното жири кое се состоеше од познати пејачи и кои гласаа според евровизиски систем, доделувајќи им на натпреварувачите од 1 до 12 поени.
На крајот стручното жири, според нивното мислење и критериум, за најдобар го прогласија Амер Ченгиќ Ченга.
Инаку ветераните на големата сцена се бореа цели 10 месеци за да стигнат до највозбудливиот дел.
Во финалната вечер се натпреваруваа 12 величествени пејачи, а статуетките ги освоија само најдобрите од нив.
Пејачот од Македонија кога го слушна резултатот од гласањето не можеше да си дојде при себе од среќа, а публиката го испрати со огромен аплауз, додека победничката статуетка му ја додели Жељко Самарџиќ.
Инаку Цаневски на еден од своите претходни настапи успеа да ги расплака членовите на жирито.
Пејачот од Македонија тогаш ја испеа една од најемотивните песни на Здравко Чолиќ, „Као моја мати“, следен од оркестарот на Аца Софронијевиќ, како и од гудачкиот квартет што таа вечер гостуваше во шоуто.
Цаневски тогаш на сцената донесе голема магија со својот глас, а по неговиот брилијантен настап следуваше овација која траеше со минути.
„Бобан, ти вечерва ме трогна со оваа песна“ му порача тогаш Тања која не можеше да ги сокрие солзите, по што се расплака и Жика Јакшиќ.
„Не плачи сега и ти, јас уште повеќе ќе се расплачам“, му додаде тогаш пејачката на својот колега.
И Саша Милошевиќ Маре тогаш не го криеше воодушевувањето од оваа генијална интерпретација. Според неговото мислење навистина е тешко да се достигне нешто што во оригинал го изведува пејач како Здравко Чолиќ, а Цаневски тогаш покажа дека навистина е еден од најдобрите.
Инаку Бобан пред неколку години се има нетпреварувано и во популарното музичко шоу „Гранд ѕвезди“, но во шоути за ветерани освои многу подобар успех.
Фото: Инстаграм/ Бобан Цаневски
Тој е професор по историја и работи во Музејот на холокаустот, а љубовта кон музиката ја наследил од својата мајка.
Бонус галерија
Топ 10 изданија на Македонката што стигна до финалето во Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска