Реклама
Вирално

Професор др. Пановски: „По еден час можете да излегувате, но не претеруваjте!“

Реклама

Според Пановски, ваквата состојба ќе потрае

Фото: Принтскрин/ ТВ 21

Професорот доктор Никола Пановски при гостување на ТВ Tелма зборуваше за ситуацијата со корона вирусот во Mакедонија. На прашањето во врска со мерките и советите што ги дава министерството за здравство, а во врска со седењето дома, Пановски вели дека ваквата ситуација ќе потрае, минимум барем месец дена, така што треба да се навикнеме на новонастанатата ситуација.

Тој изјави дека родителите со своите деца, како и најмладите можат на час или два да излезат од дома, но да не се дружат во поголеми групи, туку да одат на кеј, или да се прошетаат на места на кои нема многу луѓе.

Маркетинг

Професорот исто така спомена и дека нема потреба да се шета на кеј со маска, но во самопослуга или на некое друго место, каде има поголема концентрација на луѓе, треба задолжително да се носи. За разлика од граѓаните, вработените на касите и шалтерите треба да носат маски задолжително, и на неколку часа да ги менуваат. Маските треба да им го обезбедат одговорните во компаниите во кои работат.

Надвор на отворено, каде воздухот е разреден, и вирусот потешко се пренесува, нема потреба да се носат заштитни маски, вели Пановски во „Топ Тема“.

Маркетинг

Инаку Никола Пановски во неодамнешното интервју за „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека медиумите се „виновни“ што се дознало за коронавирусот.

Имено според него, да не беа медиумите никој немаше ни да знае за вирусот, бидејќи во Вухан, за време на епидемијата, во која животот го изгубија околу 3000 лица, за четири месеци животот го изгубиле 40.000 луѓе од нешто друго. Целата изјава погледнете ја во следното кратко видео:

 

„Сакаме да стивнат движењата“

Инаку во Македонија во овој момент нема промена во бројот на заболени од коронавирусот, а непроменета е и состојбата на заболените.

Ова го изјави денес министерот за здравство Венко Филипче за „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“.

Тој воедно и додаде дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно. Важно е да се имплементираат мерките кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен.

„Битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен. Ние направивме и спроведовме мерки во времето кога другите земји тоа не го направија. Тоа е суштината во справување со овој проблем. Што помалку движење, помали шанси да се пренесе вирусот. Во Италија имаше сценарио во кое многу носители не беа свесни“.

„Затоа сакаме да стивнат движењата. Тоа е единствениот начин да се спречи инфекцијата“, истакна Филипче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button