Реклама
Наши ѕвезди

Професорката Силјановска откри каква жртва направила ЗА НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ: Домашните долго ѝ биле лути поради ова

Реклама

Професорката Гордана Сијановска Давкова зборуваше за својот приватен живот и откри каква жртва таа направила за љубовта.

Нејзините најблиски за неа велат дека е човек полн со разбирање, секогаш подготвена да даде поддршка и да мотивира. Луѓето ја препознаваат по нејзината принципиеност, дигнитет, елоквентност. Сите кои ја познаваат ќе ви кажат дека не поднесува неправда, тоа е причината поради која многу студенти и нејзини колеги, кои кога биле соочени со неправда барале заштита кај професорката Силјановска.

Вистински борец, жена која се бори за женската еманципација, која се борела за нејзината слобода, а најмногу за оние кои се под нејзина закрила, за нејзините студенти.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Гордана Силјановска Давкова

На последните претседателски избори беше првата, односно единствената жена кандидат.

„Не само по ликот, туку и по карактерот јас сум многу слична на мојот бунтовен татко, кои на неполни 18 години избегал од дома во партизани. Дома се ордените. Не се согласувам дека за идеали гинат будалите. Да го поминете февруаскиот поход, да бидете делгат во Егејска Македонија, е многу важно.

Маркетинг

Затоа понекогаш се тревожам затоа што оваа наша татковина станала независна и самостојна со борба над 120 илјади доброволци, партизани, излегле како мојот татко и затоа ние треба со почит да се однесуваме кон неа.

Кога почина мојот татко уште со почести ги испраќаа оние кои се бореле за државата, ни пријде генералот Чаевски и ни рече дека благодарение и на другите будаличишта, ние останавме живи, бидејќи тоа што го направиле тие, никогаш не би го направиле, кога среде зима угол голи се соблекле, се врзале со каишите, алиштата в раце и така другите ги пренеле“, кажа професорката во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија.

ФОТО: Фејсбук / Гордана Силјановска Давкова

Таа кажа дека уште како дете не поднесувала диктатори и сакала е да прави по свое.

Денес се труди со своите студенти да има пријателски однос, со почит едни кон други, за тие дане се плашат што ќе и одговорат.

Напротив, различното мислење и го наградува.

ФОТО: Фејсбук / Гордана Силјановска Давкова

„Човек кога е таму треба сѐ да стави во функција на доброто образование, на знаењето, ама пред сѐ на студентите. Почитта, духовен комфор во којшто тие ќе можат а цветаат, а не да се плашат што ќе одговорат, дали нам ќе ни се допадне одговорот. Затоа сум им велела не учете од една книга, па дури ни од мојата, учете од повеќе книги и сум го споредувала тоа со животот“, кажа професорката.

ФОТО: Фејсбук / Гордана Силјановска Давкова

Откри и какво било нејзиното искуство со пушењето цигари.

„Во гимназија имам пробано цигара, грозно беше и по мирис и по вкус и никогаш повеќе. Алкоол не пијам, само некогаш црвено вино да пробам. Расположението го диктира срцето и умот, не ви требаат вештачки стимуланси. Немојте да навлегувате во вештачки механизми кои може и да ви направат штета“, кажа Силјановска.

ФОТО: Фејсбук / Гордана Силјановска Давкова

Токму во тие гимназиски денови го запознала и нејзиниот сегашен сопруг.

Кога се запознале тој бил добар ученик, но не одличен, а подоцна станал подобар.

„Толку имавме авторитетни професори. И тогаш ако сте скроз одлични, а јас бев копрвенка, значеше дека ќе се студира медицина. Потоа мислев да студирам политички науки, некако ми се вкрстија патиштаа младешки. Требаше да учам четврта година гимназија во САД, се откажав поради љубовта тука, дома ми беа лути, меѓутоа не жалам. Тоа се денови кога со срцето размислувате, не со умот.

Тогашниот мој дечко не беше одличен, но беше многу умен. Нам одличните ни се допаѓаа различните од нас. Ме убеди да одиме заедно на право, почна жесток натпревар, бидејќи тој тоа многу го сакаше, се опкружи со многу книги и беше подобар од мене“, кажа професорката.

ФОТО: Фејсбук / Гордана Силјановска Давкова

Секогаш се трудела да ја задржи довербата на нејзините родители и го слушала нивниот збор.

„Ние бевме воспитани девојчиња, тогаш имаше и граница за излегување. Ако се одрази илегувањето на оценките, тогаш следуваа забрани. Јас никогаш не се доведов до тоа, никогаш не ја изиграв нивната доверба, бидејќи сакав да учам, прекрасно ми беше да учам. Човек колку повеќе знае, толку станува посигурен.

Со учењето е како со витамините, нема доза, имате потреба секојдневно да ги примите.

Другарите на мојот дечко негодуваа од типот кај ја најде таа бубалица.

Тој имаше прекрасни плочи, сѐ од него научив, од рокенрол, па се до Сантана. И танцуваше одлино и музиката ја разбираше. Нашата генерација танцуваше. Јас се чудам сега кога ќе видам каква музика се слуша“, ракажа Силјановска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button