Реклама
Наши ѕвезди

Прослава во домот на Стојанче Ангелов – погледнете го подарокот што си го доби од сопругата

Стојанче Ангелов имаше прекрасна објава, честитки му пристигаат од сите страни.

Реклама

Познатиот пар, Стојанче Ангелов и неговата понежна половина, Јасминка Ангелова, вчера имаа убава причина за славење.

Имено, ова беше посебен ден за нив бидејќи на Стојанче му беше роденден, па тој откри како неговата сопруга му го честиташе.

На својот Фејсбук објави фотографија на која е заедно со сопругата, а под која стои напишана интересна порака.

Маркетинг

„Еден по еден, еден. Една по една… 52.“

Маркетинг
Фејсбук/ Стојанче Ангелов

„Многу љубов и две роденденски торти од мојата сопруга Јасминка Ангелова. Една блага, една горчилава“, напиша Стојанче.

На фотографијата се гледа како тој држи една чоколадна торта во рацете со свеќи во форма на бројот 52, додека неговата сопруга го држи и вториот „горчилав“ подарок – гајба пиво врзана со панделка.

Оваа објава ја сподели и Јасминка на својот Фејсбук, а како тие изгледаа во ова издание, погледнете во продолжение…

Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Потсетуваме, Стојанче и Јасминка веќе долги години се во брак, а круна на нивната љубов се нивниот син и ќерка.

Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Тие од претходните бракови имаат по една ќерка, а заедно имаат поминато низ многу животни предизвици борејќи се за правда и подобар и подостоинствен живот за граѓаните на Македонија.

Како што самите имаат откриено, се запознале на работното место, а Јасминка во една пригода изјави дека Стојанче е половината што и недостасувала цел живот. Понекогаш и двајцата знаат да споделат заеднички фотографии на социјалните мрежи, но и да напишат емотивни зборови еден за друг.

Некои од овие фотографии погледнете во продолжение…

Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button