Прослава во домот на Пандев, честитки пристигнуваа цело време – македонската легенда има три срциња, еве како изгледаат
Македонската фудбалска репрезентација со него на чело испиша историја.
Оваа година ја имавме можноста да се радуваме на учеството на Македонија во ЕП2020, а за тоа повеќе од заслужен беше Горан Пандев.
Момците ѝ приредија вистинско изненадување на цела Европа со пласманот, но и со играта која ја покажаа во првенството.
Иако репрезентацијата испадна уште по првата група, Горан Панев ќе остане легенда и важи за еден од најдобрите фудбалери во Македонија.
Освен што е одличен фудбалер Пандев е и посветен сопруг и татко на три дена, а баш поради едно од нив се славеше во домот на Пандев.
Имено неговата најмала ќерка Софија славеше роденден и наполни три години.
„Среќен роденден моја малечка“, напиша Горан и објави фотографија од Софија на која позира покрај тортата заедно со својот брат Филипо и постарата сестра Ана.
Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија.
Сите три деца на Пандев се преслатки, но малата Софија се чини дека ужива да позира, но и да прави гримаси и сето тоа изгледа неодоливо.
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев или како што многумина го нарекуваат „Гранде Пандев‘ често покажува дека сопругата и децата му се најголема поддршка.
Така беше и за време на ЕП, пред натпреварот со Букурешт.
Т.ој објави фотографија со Ана И Филипо кои го прегрнуваат и напиша „Мојата најголема поддршка“.
Сепак за Македонија ова првенство беше и збогување со Пандев кој го одигра и последниот натпревар во националниот дрес.
Немаше Македонец кој со насолзени очи не го гледаше збогувањето на капитенот од националниот дрес.
Целата публика и играчите на терен запреа за момент за да му оддадат почит на големиот Пандев кој во 68-та минута го напушти теренот.
Навивачите на Холандија, па дури и Весли Снајдер, со кого Пандев ја покори Европа со Интер во 2010 години со овации го поздравија.
На трибините заедно со премиерот на Холандија беше и премиерот Зоран Заев со својата сопруга кои исто така со аплауз го поздравија капитенот на македонската фудбалска репрезентација.
Солзи, тон емоции и ежење за секој љубител на фудбалот!
Горан Пандев замина од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на големо натпреварување, и вели дека одлуката е конечна и дека му се остварил сонот.
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев