Прослава во домот на Алабаковски – споделија прекрасни вести на Инстаграм, честитки им пристигаат од сите страни!
Во семејството на Ламбе Алабаковски имаше голема и посебна причина за слевање.
Имено, неговиот помал син Димитриј наполни годинка, па гордите тато и мама ги споделија радосните вести на социјалните мрежи.
Поранешниот пејач пред осум години, односно во 2013, се ожени со својата сопруга Магдалена, која што ја запроси на традиционален начин, на празникот Голема Богородица, пред манастирот “Свети Јован Бигорски”.
Тој успешната музичка кариера ја замени со улогата на горд и грижлив татко, а тоа можеме да го забележиме и од социјалните мрежи на кои откако живее во Америка не ретко објавува фотографии од неговото семејство.
Покрај малиот Димитриј, тие го имаат и синот Михаил, кој има 6 години и е роден на ист датум, 16 ноември, како и Ламбе.
Инаку, Алабаковски беше еден од најпопуларните пејачи во Македонија, во периодот кога сѐ уште настапуваше.
Неговата прва песна „Спаси ме“, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров веднаш стана хит. Каде и да настапуваше, тој ги полнеше салите, а девојчињата чекаа во редици да се фотографираат со него. Заедно со него беа откриени и новите М2 ѕвезди, Елена Ристеска и Александра Пилева.
Зад себе остави многу хитови кои и ден денес се пеат. „Море од солзи“, „Кога сонце грее плачам“, „Врати ми го срцето“, се само дел од хитовите кои останаа за публиката, сега кога пејачот повеќе не се занимава со музика.
Во 2013 година Ламбе се ожени со својата сопруга Магдалена и како што самиот вели заради љубовта ги спакува куферите и реши да замине за Америка.
Фото: Фејсбук, Инстаграм/ Ламбе Алабаковски