Продукцијата соопшти нови детали- еве кои ликови ќе ги гледаме во шестата сеозна на „Преспав“
На големо задоволство на сите гледачи се снима и шестата сезона на најгледаната македонска серија.
Добрата вест ја сподели на Инстаграм екипата на „Преспав“, а сите со нетрпение ја очекуваат шестата сезона.
Откако петтата сезона заврши минатата година, а пансионот се запали, малкумина очекуваа дека ќе се снима и шеста сезона, но сепак тоа се случи.
Од продукцијата сега споделија и кои ликови ќе се појават во новата сезона и како тие изгледаат.
Ликовите на Коста, Ула, Тони, Талат, Дончо, инспектор Томе, Мич, Исаура, Марио, Миле, Натали, Наим и Јелена се враќаат на малите екрани.
На официјалната страница објавија и фотографии од ликовите, а на нив се гледа и промената, но најголема промена се чини дека има кај Јелена.
Имено таа одлучи да ја промени фризурата. Косата која и беше подолга и обично исфенирана во „бранови“ сега ја замени со „боб“ фризура.
-Преспав 6-та сезона или 5 сезони повеќе одошто очекувавте!
Започна снимањето на новата сезона на ТВ серијата „Преспав“, која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век, најголем успех и собра „армија од фанови-напишаа на официјалната страна Инстаграм на „Преспав“ пред речиси еден месец.
Серијалот три години по ред доби и „Златна Бубамара на популарноста“ и е прогласена за една од најгледаните во Македонија!
Новите епизоди се очекува да бидат емитувани некаде пред Нова година, односно средина на декември, а сите со нетрпение очекуваме да видиме што ни подготвиле.
Затоа не е ни чудно што сите со нетрпение очекуваме да почне да се емитува.