Реклама
Наши ѕвезди

Продолжува семејната драма на Тања Савиќ: Синот постојано плаче по мене, тие солзи од децата ја болат секоја мајка

Реклама

Пејачката Тања Савиќ поминува низ агонија во бракот со сопругот Душан Јованчевиќ, кој без нејзино знаење во април година ги одвел нивните синови Максим и Ѓорѓе во Австралија, по што на Тања и забрани да се слуша со нив. Тања сега, во болната исповед, раскажа детално на кој начин нејзиниот сопруг ги одвел синовите.

Имено, од кога нејзините синови се наоѓаат во австралиската држава Квинсленд, разговорите на мајката со децата не траат подолго од неколку минути и тоа со надзор, вели пејачката.

Маркетинг

Децата, според тврдењата на Тања, не искажувале емоции или било каков став, но според нивните пораки кои скришно ги испраќале во текот на повикот знаела како се чувствуваат, а неодамна успеала да разговара со помалиот син Ѓорѓе. Тој тогаш и признал дека многу плачел.

Маркетинг

– После четири месеци, Ѓорѓе успеа да се тргне од дневната соба во текот на повикот и првпат разговараше отворено со мене. Сега сум сигурна дека и тој сфаќа колку јас страдам. После безброј прашања на кои и сега немам одговор, како „кога јас ќе дојдам“, почна да ги искажува чувствата и рече: „Јас многу плачев за тебе кога си заминував“. Тоа се многу тешки ситуации…- ја започна својата приказна Тања Савиќ за магазинот „Глорија“.

Познатата српска турбо фолкерка Тања Савиќ вели дека сопругот кога таа се интересира за децата преку телефон и одговара на англиски јазик. Сепак таа кон него не чувствува негативни емоции.

– Дури и сега кога ми нанесе толкава штета, мојата душа не знае да мрази, единствено ми е важно да ги заштитам своите деца и себе, на сите начини се обидувам да дојдам до нив. Имам поддршка од целото семејство, а посебна сила ми даваат пораките кои пристигнуваат од жените кои минуваат низ вакви неприлики.

Пејачката вели дека повеќе пати била изманипулирана, а дека најголемото несогласување меѓу сопружниците владеело околу местото на живеење. Тогаш почнале проблемите и тогаш почнала разделбата.

– Ние едноставно моравме да се разделиме зошто состојбата меѓу нас беше неподнослива. Нашите кавги им штетеа на децата, а тоа не беше здрава средина за растење. Кога ме лажеше дека децата имаат температура многу сакав да бидам покрај нив, но поради страв од неговите бурни реакции, кои ги имаше и порано, не се осмелив. Покрај тоа тој од тоа и ме одвраќаше. Во текот на денот, кога синовите не беа кај мене, знаејќи на што мојот маж е подготвен правев се да ги спречам да ја напуштат Србија без моја согласност. Како да чувствував какви намери има. Во австралиската амбасада не можев ништо да дознам, сите ме праќаа на некоја друга адреса, раскажува Тања Савиќ која тогаш не знаела каде и се децата.

Како што понатаму наведува, од аеродромот, поради епидемијата ја вратило обезбедувањето со информација дека нема летови. После два дена трагање по синовите таа преку социјалните мрежи дознала дека тие се веќе во Австралија.

– Имав план овде да купам стан па да го средам животот за нас тројца, па дури тогаш да ја покренам процедурата која треба и тоа и го планирам, само што мојата заштеда е однесена. Исто така, во време на пандемиајта останав без работа, многу е тешко и помалку се чувствувам немоќно, вели пејачката и продолжува?

– Во целата ситуација јас сум изиграна и револтирана, во мене проработи револтот и морав јавно да ја раскажам целата вистина кога слушнав дека мојот сопруг во Австралија ме пријавил како мајка која се откажала од своите деца. Се до сега ја бранев институцијата брак и молчев за своите проблеми, надевајќи се дека тој ќе ги исполни ветувањата и ќе се врати во Србија со децата. Но сега ми е доста од се. Морав да размислувам за најдоброто за своите деца и за себе, заклучи Тања.

Фото: Тања Савиќ/Инстаграм
Фото: Тања Савиќ/Инстаграм
Фото: Тања Савиќ/Инстаграм
Фото: Тања Савиќ/Инстаграм
Фото: Тања Савиќ/Инстаграм
Фото: Тања Савиќ/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button