Реклама
Вирално

Прогноза на директорот на најголемата инфективна клиника на Балканот за епидемијата – Еве кога корона вирусот ќе го достигне врвот!

Реклама

Српскиот епидемиолог Мијомир Пелемиш вели дека е најважно сите случаи да се препознаат на време и да бидеме запознаени каде тие се движеле за да можат да преземат мерки.

Според него тоа е и главната порака за сите граѓани, односно тие треба да ги известат докторите дали биле во некоја од земјите кои се погодени од вирусот Ковид-19 и дали биле во контакт со заразени како побрзо би можело да им биде укажана помош од страна на медицинските лица.

Маркетинг

Граѓаните мораат да сфатат дека на тој начин се чуваат себеси, своите семејства, а потоа и сите нас и му помагаат на здравствениот систем да го забави ширењето на оваа инфекција, а тоа воедно е нашата главна цел, вели Пелемиш, а пренесе српскиот портал на РТС.

Инфекцијата не може да се сопре, но може да се забави

Ние сега не можеме да ја стопираме инфекцијата, но можеме да ја забавиме, вели докторот Пелемиш, а пренесе РТС.

Маркетинг

Според директорката на институтот за јавно здравје во Србија, Верица Јовановиќ, влегуваме во потопли временски услови и повисоки температури кои ќе ни помогнат да бидеме надвор, а вирусот во надворешна средина не може да се пренесе толку лесно како во затворено.

Шансите да се заразите се поголеми ако подолго време сте изложени на вирусот

Докторот Пелемиш укажува и на тоа дека шансите да се разболите се поголеми ако подолго време сте изложени на вирусот, односно ако подолго време сте со болниот (ова пред се се однесува за медицинските лица), но и дека овој коронавирус не е толку заразен и толку опасен како што тоа беа некои други кои покосија голем број човечки животи.

Врвот на епидемијата при крај на април

Овие доктори очекуваат врвот на епидемијата да биде при крајот на април, односно неколку дена по Велигден кога ќе доаѓаат нашите луѓе од странство кои се во разни зони. Тие затоа и апелираат до оние кои се во најризичните зони да останат таму, да размислат дека би можеле да ја внесат болеста во куќата на најблиските.

Знаеме дека желбата да се видат семејствата е голема, но тие морат да размислат за ова, велат едногласно тие.

Според докторот епидемиолог Пелемиш заклучоци во врска со епидемијата можат да се донесат дури следната година, откако истата ќе заврши.

Некоја прогноза, која секако не е 100% сигурна, е реално да очекуваме ова да заврши за некои два месеци, вели тој.

Еве кога епидемиолозите очекуваат крај на пандемијата со коронвирусот

Медицинскиот советник на кинеската влада Зонг Наншан истакна дека се намалува бројот на заразени со вирусот корона и прецизира дека глобалната пандемија најверојатно до јуни ќе биде завршена, пренесуваат светските новински агенции. Набшан е кинески епидемиолог познат по борбата со САРС во 2003 година, и тој вели дека бројни увезени случаи со заразите Кина се со асимптоматски појави, односно дека процентот на реинфекции на болните што оздравиле е низок.

Кинеската комисија за национално здравје претходно соопшти дека врвот на епидемијата во земјата поминал, па така во централна Кина вчера имаше само седум нови случаи на зараза, а во покраината Хубеј, центарот на епидемијата, потврдени осум нови случаи и тоа е прв пат оваа бројка со новозаразени да не е двоцифрена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button