Реклама
Холивуд

Прогласена е за модел на годината – не е ни полнолетна а веќе е најбарана манекенка

Реклама

Во британскиот „Royal Albert Hall“ беше одржано доделувањето на наградите „British Fashion Awards”.

Покрај многуте познати личности и модели, најголемата ѕвезда на вечерта секако беше девојката што беше прогласена за модел на годината.

Покрај бројните млади модели како што се познатите Кендал Џенер, Џиџи и Бели Хадид, Хејли Бибер и др., оваа важна титула ја доби ќерката на поранешниот супермодел Синди Крафорд, 17-годишната Каја Гербер.

Маркетинг

Без сомнение, Каја учеше од најдобрите, бидејќи нејзината мајка може слободно да ја наречеме најголемиот супермодел на сите времиња. Таа беше поддржана од целото семејство, а горди родители и нејзиниот брат пред доделувањето на наградите позираа заедно со неа на црвениот килим.

Првата насловна на Каја беше кога имаше само 14 години, по што се појави и во модната библија Вог. Таа досега има соработувано со бројни модни брендови како Келвин Клајн, Марк Џејкобс, Барбери, Александар Ванг, Прада, Фенди, Москино, Версај … Оваа година, заедно со Карл Лагерфелд дизајнираше колекција по име KarlxKaia.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button