Новости

Провокативниот комбинезон на Карлеуша направи хаос – шокантни реакции, ова за некои беше премногу?!

И додека за едни пејачката има тело од милион долари и со својот перформанс го „запалила“ Скопје, некои други ја критикуваат дека претерала со облеката...

Advertisement

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот спектакл на Карлеуша

Балканската поп-дива Јелена Карлеуша во саботата одржа концерт за паметење во спортската сала „Јане Сандански“ со кој и официјално ја започна својата балканска турнеја.

Advertisement

Концертот дури малку и доцнеше заради преголемата гужва, па забавата започна дури откако сите успеаја да влезат во салата.

Познатата пејачка на сцената се појави во провокативен сценски костум во кој изгледаше како светските ѕвезди, останувајќи доследна на својот контроверзен стил. И веднаш започна со својот спектакл за кој пејачката со денови се спремаше заедно со целиот тим со кој потполно ги воодушевија сите што беа присутни на настанот.

Advertisement
Инстаграм

Публиката воодушевено го следеше секој нејзин чекор, а пејачката дополнително ја зовре атмосферата со својот провокативен танц.

Инстаграм

Инстаграм

По концертот и самата пејачка објави на Инстаграм неколку кадри од својот жежок перформанс кои може да ги видите во продолжение…

Инстаграм

Потсетуваме, провокативниот стајлинг што Јелена Карлеуша го носеше на концертот и во кој замотана со македонското знаме ја испеа познатата песна „Бисер балкански“ и дополнително ја воодушеви публиката, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. И додека едни ја критикуваа дека била облечена вулгарно, многумина застанаа во нејзина одбрана истакнувајќи дека изгледала светски.

Инстаграм

Впрочем за тоа зборува и коментарот на една од нашите најпознати инфлуенсерки, Миа Костова, која на својот профил на Фејсбук напомена дека не ја слуша музиката на Карлеуша, и затоа не била на концертот, но според неа Карлеуша не заслужува таков хејт.

Инстаграм

„Ама…. добро бре величини едни, зарем може да спорите ѕвездетина од таков тип и џет сeт кој реално не постои на Балканов? Па уште пеела у гаќи за Македонија. Па у шо да пее? У костим за сценски настап е, можда требаше да врзе шамија и да нагрне елече плетено од оние да не ти ѕебне кичма за да ви стопли душа и да ве врати на корените“, напиша Миа во својот коментар, па го додаде и следново:

„Нит се водите нит се терате, тоа имам да ви кажам а и да си потврдам дека стварно треба да ти фали нешто ако ти се чини дека си им се допаднал на сите“, напиша Миа.

Инстаграм

Инаку, истата вечер во салата Борис Трајковски одржа концерт и нашата музичка дива Калиопи каде исто така немаше каде игла да падне.

Инстаграм

Повеќе за ова дознајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button