Реклама
Нега и здравје

Проверено: Од овие тревки бегаат комарците – само оставете ги на тераса, ќе ги снема и мувите

Реклама

Со топлото време се појавува проблемот со комарците доколку сакате времето да го поминувате на отворено, во својата градина или на терасата. Комарците со своето зуење околу ушите и неподносливото чешање после убодот прави да се чувстувате нелагодно, па еве список на билки со кои може да се ослободите од досадните комарци.

ФОТО: vidanaturalia.com

Маточина и нане против комарци

Маточината е растение со лумунест мирист кое расте во облик на грмушка и има скромни барања. Може да расте на било која земја иако најмногу сака богато тло со добра дренажа. Сонце или сенка, сеедно ѝ е, а сепак е одлична за растерување на комарците и од неа исто може да се направи и чај за смирување, а задолжителен додаток е на студените, освежувачките коктели.

Нането е најдобро да се пресади во некоја саксија отколку во земја зошто лесно се шири и набрзо може да ја заземе целата градина. И за него е многу важна дренажата, а сака богата и влажна земја. Од листовите се прави освежувачки чај или сируп, и идеално е за сосови, студени супи како и десерти.

Маркетинг

Босилек и лимонска трева како најмирисна заштита

Босилекот е најмирисната заштита од комарци, а воено и највкусна зошто ако посеете босилек во голем сад никогаш нема да ви снема од оваа ароматична билка за сосови, салати, намази или песто. Внимавајте само саксијата во која сеете да има добра дренажа и таа билка да има доволно сонце. Колку често ги берите нивните стебла повеќе ќе го поттикнете неговото растење.

gradina3bosilek

Маркетинг

Лимонската трева се одликува со освежувачки цитрусен мирис и може да го пронајдеме како состав на многу средства против комарци кои се во продажба. Одлично успева во теглички и може да послужи како декорација на тераса или на маса.

Рузмарин

Саксија рузмарин поставена во близина на прозорец или врата, или пак посадена во агол на тераса, спречува влегување на комарци во стан или куќа. Уште е поефикасен кога е во цвет. Често може само да го протресите за да ослободи мириси од кои бегаат комарците.

Она што исто така ги одбива инсектите е мирисот на запален рузмарин во комбинација со суви листови на жалфија кои исто така може да ги посадите на терасата или на прозорска даска.

Лаванда

Моќната лаванда е позната ккао растение кое ефикасно ги растерува комарците, а со нив и молците и мувите.

Со оглед на јачината и интензитетот на нејзиниот специфичен мирис, можете исечените цветови и листови да ги ставите во вазна, или да ги обесите во агол од терасата. Исто така, ефикасно е и да се втрие масло од лаванда во кожата, како и пред така и после убодот од комарци.

Поврзано

Back to top button