Реклама
Секс

Проблеми што можат да ги разберат само жени со големи гради

Реклама

Ако се наоѓате на другата страна, веројатно сега веќе ги превртувате очите.

Но, најсериозно тврдиме дека и жените со големи гради, исто така, имаат проблеми за кои оние со мали не можат ни да сонуваат. Освен тоа, нивните проблеми можеби се дури и поголеми (веројатно и самите проблеми растат пропорционално со градите).

Маркетинг

Мора да познавате барем една жена која не е задоволна од изгледот на нејзиниот деколте и сонува за поголеми гради. Но, нивните желби можат да се променат со брзината на светлината откако ќе сфатат какви неволји секојдневно ги среќаваат девојките со големи гради …

Маркетинг

 

Наоѓањето на вистинскиот градник е рамно на авантура

И тоа не во позитивна смисла! Дали се сеќавате на сите оние преслатки, чипкасти и шарени градници што ги гледаме во рекламите? Епа, заборавете на нив, бидејќи за жените со големи гради тие едноставно – не постојат!

Бела, црна и боја на кожа, дебели прерамки и здодевен изглед – ова се градниците какви (најчесто) треба да изберат.

Баш е секси, нели?

Ништо не ви одговара

Кога конечно ќе најдете кошула која добро ви изгледа во подрачјето на градите, обично е премногу широк во пределот на половината. Покрај тоа, на прв поглед се чини како воопшто да немате половини. Или дека ви е потребен и ремен. И така постојано се вртите во круг.

Костим за капење – кошмар!

Ако мислите дека е ужасно што овие жени не можат да најдат никаков секси градник, знајте дека има нешто што е многу полошо од тоа. Градниците барем (најчесто) остануваат скриени под облеката, па страдањето е помало, но кога треба да се појавите на плажа, единствениот костим за капење што ќе го најдете наликува оној на вашата баба. Времето кое жените со големи гради го потрошиле барајќи соодветен и убав горен дел на костими за капење не се мери со часови туку со денови. Покрај тоа, тие на костими за капење без раменици можат да заборават, а за сончање на стомак за да добијат убава боја, и на задниот дел дури и нема да зборуваме…

https://www.instagram.com/p/Bm1201WAdav/

 

Трчање

Ајде! Треба ли навистина да објасниме понатаму? Ќе запреме на фактот дека никогаш, но никогаш не можете да трчате без спортски градник.

Одвај чекаат фустаните со отворен грб да излезат од мода

Да, тие се прекрасни, и да, сите ние ги сакаме. Освен сопственичките на големи гради, секако! Со такви фустани не можете да носите градник, а нивните незауздливи гради не можат да го поднесат тоа …

Длабоко деколте

Навистина, кога имате големи гради, често ви се чини дека сè што носите има (премногу) длабоко деколте. Се разбира, освен ако не носите ролка.

Сите гледаат во вас. И не планираат да престанат.

Иако на случајните минувачи често им се лутите и со бесни погледи се обидувате да им покажете дека треба да престанат толку очигледно да гледаат во вашите гради, тоа за жал воопшто не ма да ги деконцентрира.

И гушкањето е проблем

Особено кога сакате да гушнете лице кое е пониско од вас. Оооо да, и ова понекогаш претставува сериозен проблем.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button