Реклама
Холивуд

Проблеми во рајот – Џастин и Хејли се разведуваат?

Реклама

Иако поминаа само шест месеци откако Џастин Бибер и Хејли Болдвин се во брак, медиумите веќе пишуваат дека не се толку вљубени и дека имаат сериозни проблеми во рајот.

Имено, откако претходната недела започнаа приказните дека парот планира да се раздели, а гласините започнаа откако манекенката беше во посета на адвокати за развод, сега обожавателите забележаа уште еден детаљ што ги загрижува. Иако има венчален прстен, Џастин речиси никогаш во последно време не го носи, поради што неговата сопруга Хејли воопшто не е среќна.

Маркетинг

„Таа сака нивниот брак да успее. Носењето на прстенот е симбол на љубовта, па затоа таа и го носи“, откри извор за „In Touch“ иако други негираат дека меѓу нив се случува нешто лошо, и дека е во прашање само стил.

Маркетинг

Само да потсетиме, минатата недела за магазинот „Heat“ извор откри дека Хејли бара совети од адвокати поради неподносливото однесување на младиот пејач. Според пишувањето на овој весник, Џастин во последно време потполно се дистанцирал од манекенката, па таа и покрај тоа што не разбира зошто не може да уживаат во заедничкиот живот, решила да се обрати и до адвокатите. Секако дека не сака да му ги врачи документите за развод, особено не сега додека поминува низ тежок период во животот, но како што вели изворот, и таа мора да се погрижи за себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button