Реклама
Наши ѕвезди

Пријовиќ се срами од минатото и од она што го правела на почетокот од кариерата – од колегите бара да ги избришат овие видеа

Реклама

Пејачката сака да ги тргне сите видеа на кои пее на ромски свадби каде гостите редат пари на нејзиното тело.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ кариерата ја започна пред 8 години во Ѕвездите на Гранд кога преку ноќ се прослави и ја искористи популарноста и за своите настапи. Таа во тоа време настапуваше во кафеани, дискотеки и на приватни веселби, а не ретко и на панаѓури, во големи селски шатори. Таа пеела и на ромски свадби каде што заработувала и најмногу пари, но откако се омажила за Филип Живојиновиќ и станала снаа на Лепа Брена решила да ги избрише сите овие работи од нејзината биографија.

Имено, хармоникашот Борко Радивојевиќ со кого во тоа време Пријовиќ настапувала на своите тезги, а како што пишува српскиот Курир, морал да ги избрише сите видеа од ромските свадби на кои и „лепат“ пари.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Како што пренесуваат овие медиуми, Борко изјавил дека Александра самата го побарала тоа од него, со зборовите: „Јас ќе бидам снаа на Брена и морам да работам на мојот углед. Сега сум во важно семејство“.

https://www.youtube.com/watch?v=4KpuilPtZ6w

Маркетинг

 

Пејачката откако го запозна Филип Живојиновиќ, продолжи да настапува ширум Европа, по дискотеки и на приватни прослави, но не на секои. Таа од своите ангажмани ги исфрли ромските свадби сметајќи дека тоа и пречи на угледот, без разлика што од нив заработуваше најмногу пари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button