Пријовиќ се соблече во костим за капење и го запали Инстаграм – најновите фотографии предизвикаа бура од реакции
Пејачката ги воодушеви сите со својот изглед
Познатата фолк пејачка Александра Пријовиќ секојдневно добива комплименти на сметка на својот изглед, а откако ги објави последните фотографии на кои позира во бикини предизвика воодушевување и бурни реакции.
Пријовиќ која во моментов се наоѓа на одмор во Монте Карло, се фотографираше во провокативно издание.
„Подготвена сум за плажа“, напиша пејачката, а нејзините обожаватели се воодушевени од ваквиот потег бидејќи таа порано многу ретко споделуваше вакви фотографии со јавноста преку социјалните мрежи, но мораме да признаеме дека изгледа феноменално. Очигледно и нејзината публика е воодушевена и сака да ја гледа во вакви изданија што можеме да го заклучиме од бројните комплименти и коментари на сметка на нејзиниот беспрекорен изглед.
Инаку, таа пред четири месеци се породи и на свето го донесе малиот Александар, и покажа дека за кратко време телото повторно го донесе до совршенство.