Пријовиќ направи хаос на Инстаграм – се соблече и покажа неверојатно тело, а поминаа само 4 месеци од породувањето!
Пејачката Александра Пријовиќ ужива на својот одмор во Монако, па реши да се пофали со неколку провокативни фотографии на социјалните мрежи
Пејачката Александра Пријовиќ го роди малиот Александар пред 4 месеци, па токму затоа и многумина се изненадени од нејзиниот изглед.
Имено, познатата пејачка објави фотографии со кои се пофали со својата витка линија, а нејзините обожаватели воодушевени од нејзиниот изглед ја почестија со бројни пофални коментари и лајкови. По ова таа објави уште една фотографија, на која позираше во црни бикини, а со која предизвика уште поголем хаос на социјалните мрежи.
Убавата пејачка деновиве ужива на семејниот одмор во Монако, и не сакаше да крие како изгледа и покрај тоа што стана мама пред само четири месеци.
Пријовиќ се соблече во тренди костим за капење и фотографиите ги објави на нејзиниот профил на Инстаграм, а повеќе од очигледно е дека убавата пејачка за многу кратко време своето тело повторно го донесе до совршенство.
Благодарение на социјалните мрежи, обожавателите го следат секој чекор на познатата мама. Таа по породувањето најпрво почна да се појавува на телевизија, како и на важни прослави на своите пријатели, колеги и членови од семејството.
И за тоа време, како што таа самата изјави, синот Александар го чуваат баби и дадилки.
„Најчесто го оставам на мојата или на мајката на Филип, а често со нив е и жена која го чува и која ја сметаме за дел од семејството. Александар стана миленик на нашите семејства па сите се тркаат во тоа кој е го минува времето со него“, раскажа Пријовиќ за српските медиуми.