Пријовиќ направи лом во Охрид, а со овој скап детаљ ги воодушеви жените од целиот Балкан (фото)
Носеше фустан со потпис на еден од најлуксузните брендови

Александра Пријовиќ направи вистински спектакл на концертот во Охрид во склоп на нејзината турнеја „Од исток до запад“.
Таа ова лето работи со полна пареа, а покрај бројните успешни концерти ширум Балканот, и концертот во Охрид беше еден од оние на кои ќе и останат во сеќавање на самата пејачка.
Таа на својот профил сподели и видео од концертот од кое можеме да видиме како заедно со публиката ги пеат нејзините хитови.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Атмосферата беше повеќе од одлична, а Пријовиќ покрај својот глас ги воодушеви сите и со својот фантастичен изглед.
Имено, Александра на сцената се појави во неколку различни изданија, за едно од нив посебно привлече внимание.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Станува збор за фустан со необичен дезен, а кој е дело на соработка помеѓу Версаче и пејачката Дуа Лила, од колекцијата „La Vacanza“.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Пејачката блескаше во оваа креација со А-крој, прерамки и длабоко деколте, но и со отвори во пределот на половината кои се резервирани само за оние дами со најзгодни тела.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фустанот е целосно зачинет со бубамари и пеперуги, а Пријовиќ го носеше со стејтмент бели сандали со високи потпетици.
Овој фустан во онлајн продавниците се продава по цена од 4000 долари, но може да се најде и на попуст.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
„Прв концерт во Македонија во склоп на турнејата ‘Од исток до запад’ и ноќ која што ќе ја памтам цел живот, Ве сакам“, напиша Пријовиќ под видеото со кое покажа каква беше атмосферата на стадионот кај Билјаните извори во Охрид.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Во коментарите доби бројни честитки, а меѓу нив и од големи ѕвезди како Милица Тодоровиќ и Жељко Самарџиќ, но и коментари од типот дека треба да закаже концерт и во Скопје, и тоа не еден туку повеќе, бидеји овој беше феноменален.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Мислам дека виде колку те чекавме и сега замисли колку Скопје те чека и каква би била атмосферата таму, пишува во овој коментар.
Инстаграм/ Александра Пријовиќ
А како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…