Реклама
Наши ѕвезди

Пријовиќ и Филип открија кога очекуваат принова

Реклама

Таа е успешна пејачка, одлично се снаоѓа како мама, но воедно е и најдобра сопруга на својот партнер Филип Живојиновиќ.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Таа во нејзиното последно интервју за српскиот портал „Glossy“ отворено зборуваше дека би сакала да добие и второ дете и Александар да добие братче или сестричка.

„Би сакала да почекам барем две, три години, а секако и поради царскиот рез не би можела порно, така што сигурно ќе поминат минимум две години пред второто дете“, изјави познатата пејачка.

Маркетинг

Таа додаде дека со нејзиниот сопруг Филип имаат различни мислења за многу работи, но и покрај тоа функционираат одлично како пар. Тие секогаш пронаоѓаат заеднички јазик и сфаќаат кое решение е најдобро, а компромисот и толеранцијата се клучот за нивниот однос, додаде пејачката во своето кусо обраќање.

Пријовиќ очигледно одлично се снајде во улога на мајка, а и по породувањето за кратко време повторно се врати во форма.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Таа успеа својата линија повторно да ја донесе до совршенство и тоа само неколку месеци откако се породи.

Според нејзините обожаватели новопечената мама сега изгледа дури и многу подобро отколку кога било порано, а тоа можеме да го видиме и од коментарите што ги добива под секоја нова фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Инаку, Живојиновиќи се познати и како љубители на добриот алкохол, па од неодамна имаат и своја марка на вино. Александра за Glossy призна дека сака и таа да се напие добро вино, но и дека во сé, освен во шопинг има мерка.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

„Секако дека ми е важно како изгледам и секогаш се обидувам да изгледам што подобро. Вложувам во својот изглед и повеќе отколку што можете да замислите, но не сум тип кој се фали и зборува за тоа. како и сите, така и јас сакам да се облечам убаво и баш затоа вложувам во гардероба“, открива пејачката за Блиц.рс и додава дека најмногу пари троши на модни додатоци како што се чевли и чанти од познати брендови.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Покрај својот убав изглед, Пријовиќ ги воодушеви верните обожаватели и со своите последни настапи.

И за разлика од многу други мајки кои имаат проблем со вишокот килограми по породувањето, пејачката за многу брзо време откако го роди синот Александар го врати своето тело во беспрекорна форма. Во разговор со порталот „Информер“„ пејачката ја откри тајната како успеала во тоа.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

„Ослабнав 20 килограми, се вратив на тежината што ја имав пред бременоста. Сега можеби сум и послаба отколку пред тоа“, изјави пејачката и додаде дека се храни здраво откако го родила бебето. И тоа не го прави само заради килограмите, туку и заради малиот Александар, односно бидејќи го дои своето бебе, и дека се придржува до планот за исхрана што го добила од нутриционистите.

„Потполно ги исфрлив од менито благите работи, мрсната храна, газираните сокови и тестото. Јадам салата, риба, зеленчук, пијам цедени сокови и секојдневно внесувам многу течности. На тој начин се губеа килограмите и сега изгледам баш како што сакав“, објаснува таа.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

„Што се однесува до физичките активности, ми беше забрането да вежбам бидејќи се породив со царски рез. Немам специјален совет за идните мами. Најдобро е секоја жена да го прави она што мисли дека треба да го прави за да биде задоволна со себе и со својот изглед. Не е се’ во килограмите“ заклучува познатата пејачка во своето интервју, а пренесе српското издание на „Хелоу Магазин“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button