Пријовиќ им ја честиташе славата на сите што ја слават и објави фотографија од домот на Брена – ова е чиста љубов!
Пријовиќ ги разнежни сите
Александра Пријовиќ покажа како ужива со својот наследник Александар во домот на семејството Живојиновиќ. Тие вчера ја прославија нивната слава, а Александра под фотографијата со синот им го честиташе празникот на сите.
„На сите кои што слават им посакуваме среќна слава. Ве љубиме Александар и јас“, порача познатата пејачка.
„Прекрасна мајка и син“, „Прекрасна глетка“ коментираа воодушевено нејзините бројни фанови.
Инаку, таа е облечена во тренерки и ужива во мајчинството, а фотографијата е направена додека седи на скалите.
Инаку, само еден ден претходно, додека во домот на Брена се уште беа во тек подготовките за нивната домашна слава Свети Архангел, Пријовиќ објави уште една фотографија со која ги воодушеви нивните заеднички фанови.
Имено откако Брена објави како нејзиниот син и неговата девојка Сандра виткаат сарми, се огласи и Пријовиќ.
Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која можеме да видиме како Брена го чува нејзиниот син.
Таа го забележа моментот додека го држи малиот Александар во рацете, а под фотографијата напиша:
„Додека Брена анимира, Сандра дава јадење“.