Во Вилата Живојновиќ синоќа се славеше до зори. Причина за прославата беше годшнината од љубовта на најмладиот син на Брена Виктор и неговата избраничка Сандра Миљаковиќ.
На нивната среќа се радуваа сите, а посебно членовите на неговото најблиско семејство.
Бидејќи музиката е неизоставен дел од семејството Живојновиќ, ниту овој пат не изостана песна. Најемотивниот де од вечерта беше кога Прија одлучи да ја запее песната на Цеца „Нечу дуго“.
Таа и девојката на Виктор пееја заедно, рамо до рамо, и на сите јасно им ставија до знаење дека се во одлични односи.
Виктор својата љубов ја израдува со 101 ружа, а годишнината ја одбележаа и на социјалните мрежи.
На својот Инстаграм профил Сандра објави заедничка фотографија од неодамнешното патување во Ница, што ја дополни со стиховите на Жак Превер, а Виктор и одговори дека ја сака најмногу.
https://www.instagram.com/p/CDciOUDBEYp/?utm_source=ig_embed