Реклама
Наши ѕвезди

Пријовиќ брутално искрена: Срам ми е што не завршив средно, ми се смееја, а мајка ми поради мене остана без работа

Реклама

Пејачката Александра Пријовиќ стана позната уште кога како тинејџерка се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Иако тогаш не беше полнолетна, почна да заработува многу пари и сите ги вложуваше во кариерата.

Пред две години се омажи за Филип, најстариот син на тенискиот ас Боба Живојиновиќ. Иако многумина сметаат дека животот и е како бајка, таа вели дека поради некои работи се кае, а најмногу што поради музиката не успеа да заврши средно училиште.

Маркетинг

– Основно училиште завршил во Бели Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во средно училиште и завршив три класа, но четвриот не. Едноставно, животот ме однесе на другата страна. Кога ти се случува нешто за што отсекогаш си мечтаел, како јас за пеењето, тогаш не гледаш на друго. Конкретно, јас училиштетп, вели пејачката на почетокот од разговорот и додава дека наставниците од училиштето и дозволиле вонредно да ја заврши четврта година.

Маркетинг

„Многу патував поради натпреварите во Белград и наставата ја оставив на страна. Не можам да кажам дека не ми е срам што не ја завршив четврта година. Се каам и секако дека сакам да го завршам училиштето“.

Пријовиќ вели дека натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“ ѝ било најважно во животот:

„Едноставно, животот ме однесе на друга страна. Јас не сум единствена, има многу пејачки, не само кај нас туку и во светот, што не завршиле училиште. Образованието е важно, но ако не завршиш училиште не значи дека нема да успееш во животот“.
Александра е родена во Србија, но пораснала во Хрватска, каде, како што вели, имала проблем што е Србинка“.

„Родена сум во Сомбор, но веднаш по раѓањето се преселивме во Хрватска. Имав многу убаво детство. Се дружев со Срби и со Хрвати. Никогаш не правев разлика, како ниту моите врсници, кој е Србин, а кој Хрват. Ме учеа дека сите сме исти. Веројатно е важно каков е човекот, а не која националност е. Како девојче редовно одев кај баба Боса, дедо Ѓуро и татко ми Недељко во Србија во селото Бајша, кое се наоѓа покрај Бачка Топола“.

Познатата пејачка сепак имала еден проблем со врсниците, децата често ја задеваа поради нејзиниот талент.

„Ми се смееја кога пеев на училиште, па и подоцна во „Ѕвездите на Гранд“. Им зборував дека еден ден ќе се фалат дека оделе со мене на училиште и на крајот така се случи“.

Во училиште зборувала хрватски, а дома се зборувале на српски јазик.

„И ден- денеска ми се случува да ми излета некој хрватски збор. Освен тоа што хрватскиот во училиште го учев како мајчин, одев и на часови по српски јазик. Наставниците кои не учеа српски организираа патување во Белград. Никогаш нема да го заборавам моето прво доаѓање во тој голем град. Бев толку многу возбудена. Кога ја видов таблата на која пишува „Белград“, почнав да се тресам од среќа, раскажува Александра.

Таа се потсети и на својата втора средба со престолнината на Србија и тврди дека уште тогаш знаела дека тој ќе стане нејзин град:

„На 13 години ги снимив своите први две песни. Тоа беше мојата втора средба со Белград. Отидов со мама кај Миќа Николиќ и ѝ реков: Еден ден ќе живеам во Белград. Едноставно знаев дека тоа ќе се случи. Се што си замислив во глава на крајот му се случи. Мајка му тогаш низ насмевка ми рече: ‘Ама ајде, сигурно’. Инаку талентот за пеење го наследив од мајката на мајка ми, мојата покојна баба. Неа никогаш не ја запознав зошто починала кога мајка ми имала 16 години, но сите ми рекоа дека имам глас како нејзиниот. Мајка ми секогаш вели дека баба Драгица би била среќна и горда да можеше денеска да ме види“.

Пејачката од мали нозе била сигурна дека ќе стане голема ѕвезда:

„Со три години почнав да пејам низ дома и да се китам со марамите на баба ми. Глумев дека сум на бината на „Гранд шоу“. Во Хрватска не се емитуваа такви музички емиси, така што едвај чекав да дојдам во Србијата кај баба ми и дедо ми за да гледам „Гранд шоу“. Уште тогаш се гледаше дека музиката ќе биде мојот живот. Првиот сериозен настап го имав во основно училиште кога се пријавив на фестивалот „Деца пеат хитови“. Го пеев хитот на Нина Бадриќ „Такви као ти“ и го освоив првото место. Подоцна почнав да гостувам по телевизиите и тука имав некои први јавни настапи. Инаку, сакав исклучиво само забавна музика. Се случуваше мајка ми да ми пушти некоја народна песна додека се возиме со автомобил, а јас веднаш ќе сменев станица. Сакав некој друг жанр додека еден ден не се префрлил на народна музика“.
„Ѕвездите на Гранд“ ѝ го променија животот од корен иако испадна уште во првиот круг.

„Со Гранд“ потпишав договор во 2011 година и тој истекува во септември. Многу сакав да се пријавам на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ и секако, да поминам во финале. На аудицијата во Суботица отидов со мојата мајка, баба и дедо. Имав голема трема за пеам пред Саша Поповиќ. Помина аудицијата и јас се пласирав на натпреварот. Тој период од животот никогаш нема да го заборавам.

Пријовиќ продолжува да ги раскажува најважните моменти во својата кариера:

„Имаше тука многу одрекувања. Моето семејство многу се потроши, а мајка ми поради мене изгуби работа. Снимањата беа во викендите, а мајка ми во тоа време пееше во еден клуб во Хрватска. Бидејќи не стигнуваше да ме вози, мораше да избере и така таа остана без својот ангажман. Татко ми, баба ми и дедо ми водеа автобус со навивачи, а јас одев со мајка ми. Бев многу млада и неискусна, не се снаоѓав добро со шминката и гардеробата. Сега кога ги гледам тие снимки ми е криво што не сум се облекла поубаво или нашминкала или што не сум направила поубава фризура. Никој во тоа време немаше стилисти и лица кои се грижат за нашиот изглед, едноставно се облекувавме како што знаеме и умееме. Кога испаднав од натпреварувањето, цврсто решив дека нема повеќе да се обидувам во „Ѕвездите на Гранд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button