Реклама
Наши ѕвезди

Пријателите и колегите со солзи се збогуваат од легендарниот МАКЕДОНСКИ виолинист и професор маестро Зоран Џорлев

Реклама

„Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите“

Фото: Фејсбук/ Зоран Џорлев

Вчера, на 53 години, животот го изгуби еден од нашите најпознати виолинисти, маестралниот Зоран Џорлев.

Животот на маестралниот Зоран Џорлев кој важеше за еден од најголемите музички виртуози во нашата земја згасна првиот ден од новата 2021 година. Зад себе ја остави сопругата Офелија и нивните двајца синови, Наско и Мартин

Маркетинг

Тој долги години работеше како професор по виолина и беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

Офелија е извор на мојата енергија и среќа

Неговата сопруга му беше најголема поддршка во животот, а за неговата голема љубов секогаш со гордост зборуваше.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Зоран Џорлев

Во една пригода Џорлев, опишувајќи го начинот како се запознал со девојката што ќе стане неговата идна сопруга, маестрото изјави дека цел живот бегал од Струмица, градот во кој бил роден и не мислел дека ќе земе жена од таму. „Но патиштата господови се чудни, иако не се случајни“, изјави маестрото за неговата љубов во едно негово интервју.

На 20 јуни 1993 година се заколнавме пред Бога на верност и еве тоа трае две и пол децении“, напиша маестро Џорлев пред две години на неговиот профил на „Фејсбук“ заедно со неколку семејни фотографии.

Тие истата година кога се запознале се заколнале на вечна љубов, а следното лето ја направиле свадбата.

Инаку, тажната вест на својот Фејсбук профил прв ја објави неговиот внук, младиот пејач Огнен Здравковски.

Зоран Џорлев со неговиот внук

Огнен стави црна позадина на Фејсбук како главна фотографија на неговиот профил, кога роднините и пријателите почнаа да му изјавуваат зборови на сочувство.

„Вујко ми си замина. Беше болен од Ковид-19, беше во болница, беше подобар, се надевавме на подобро, но денес нè напушти. Му се откачи тромб“, изјави пејачот за „Женски магазин“.

Фото: Фејсбук/ Зоран Џорлев

Музичарите се збогуваат од него

Пријателите и колегите од естрадата се збогуваат од него на социјалните мрежи не можејќи да поверуваат во загубата.

„Почивај во мир, Маестро. Длабоко ме потресе твоето прерано заминување. Кога ја снимавме емисијава ми ја позајми твојата виолина. Свири им на ангелите. Царство небесно!“ напише Андријана Јаневска и го сподели нивниот заеднички настап со песната Ајде дали знаеш паметиш Милице.

„Не се договоривме вака да ја почнеме годината. Македонија денес изгуби голем музичар, професор, пред се прекрасен сопруг и татко. Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите“, напиша на својот профил Владимир Блажев – Панчо.

Почивај во мир Зоки. Нека ти е светол патот кон вечноста. Сочувство до семејството, напиша Валентино Скендеровски.

„Боже мили не можам да верувам, не можам солзиве да ги застанам, душава ми плаче. Зоки ни замина не можам да прифатам. Како да кажам почивај во мир на еден од најдобрите луѓе што ги познавав во животот, како да речам лесна му земја. Господи вечна му слава и покој на душата, сето царство небесно за неговата огромна душа. Маестро Зоки Џорлев, почивај во мир, мое најдлабоко сочувство за семејството.“ – напиша Анета Наковска на Фејсбук објава.

Фото: Фејсбук/ Зоран Џорлев

 

Фото: Фејсбук/ Зоран Џорлев

 

Фото: Фејсбук/ Зоран Џорлев

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button