Реклама
LIFESTYLEВирално

Пријавете се на овој оглас – големи пари се во прашање, нема да ви се верува колку е едноставно

Реклама

Најдобриот оглас за работа

Основниот услов за оваа необична работа е да имаш голема желба и способност да заспиеш било каде и во било кое време.

Маркетинг

Една нова компанија од Индија нуди голема плата за спиење. Во прашање е компанија која произведува душеци и перници, а која пред некое време објави оглас преку кој бараат работници кои ќе спијат на работното време, а за оваа „тешка“ работа ќе бидете платени околу 1300 евра.

Маркетинг

Најдобро е што работите од дома, па не морате да патувате до канцеларијата или фабриката на компанијата.
Според огласот, предност имаат ние кои се чувствуваат пријатно во средина која е сé само не динамична и можат да замислат и предложат стратегии со кои и тие но и останатите членови ќе заспиваат во што подлабок сон и ќе спијат подолго. Оние што ќе ја докажат љубовта кон ваквото пријатно лежење во креветот, имаат поголема предност и ќе бидат посебно вреднувани.

Од кандидатите се очекува да сакаат времето да го минуваат во своите пижами во опуштена атмосфера, а предност имаат оние кои можат да ги игнорираат најразличните пораки од мобилните телефони.

Оние што рчат се исклучени – целата приказна во оваа работа всушност се состои на набљудување на образецот на спиење на новата линија на душеци и перници што ги произведува оваа компанија.

Во прашање е „Вејкфит“ – компанија која во Индија, па и во целиот свет се прослави со предлогот во индиските канцеларии да се направат простории за брз попладневен одмор, односно за кратко спиење по ручекот, бидејќи според истражувањата откриено е дека дури 86 отсто од Индијците веруваат дека по таквиот одмор се многу попродуктивни.
Па, доколку сметате дека ги исполнувате ваквите услови, не чекајте – пријавете се на огласот, можеби ќе ве изберат.

Поврзано

Back to top button