Реклама
Вирално

Пристигнува спасот: Вакцината против корона доаѓа во септември, тестирањето влегува во завршна фаза

Реклама

Вакцината АЗД1222 против коронавирусот, наречена Оксфорд вакцина, која ја разви фармацевтската куќа „Астра зенека“ и Универзитетот Оксфорд, влезе во последна, трета фаза од испитувањата и се очекува на пазарот да биде од септември.

Оксфорд вакцината, наречена AЗД1222, моментално се тестира на околу 10.000 доброволци, на возраст од 18 до 55 години, во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка, а наскоро ќе почнат тестови и на 30.000 луѓе во САД, со што влезе во последна – трета фаза, после која ја чека итно одобрение за употреба.

Маркетинг

Според информациите од документацијата, тогаш таа вакцина ќе биде во употреба во Британија, САД и неколку европски земју. Според истите информации, веќе е докажано дека вакцината дава 2,6 пати повеќе антитела отколку кај најсилните организими, кои ги создале по природен пат.

Продадена пред да биде готова

Претходно, на 15 јуни, како што пренесува Еуроњуз, четири членки на Европската Унија – Германија, Франција, Италија и Холандија, склучија договор со „Астра зенека“ за купопродажба на најмалку 300 милиони дози вакцини против ковид-19, која моментално се тестира на Универзитетот во Оксфорд.

Маркетинг

Според истиот извор, тогаш германската минситерка за здавство најави дека „брзо, ускладено делување на група членки на ЕУ обезбедува дополнителна предност за сите кои се погодени од оваа криза“.

Договорите, кои ги потпиша британско – шведската компанија и европската инклузивна алијанса за вакцина, ќе овозможи вакцината да биде достапна на сите членки на ЕУ, кои ќе изразат желба да учестуваат во иницијативата, а трошоците, веројатно ќе бидат покриени од средствата од владите.

– Благодарени на овој договор, на стотина милиони Европјани ќе им биде достапна вакцијата на Оксфорд, штом ќе биде регистрирана – изјави Паскал Сорио, генерален директот на компанијата „Астра зенека“.

Вирусен вектор

Според неодамнешното пишување на Фајненшл Тајмс, експерите од Оксфорд и компанијата „Астра зенека“ очекуваат дека до декември би можеле да бидат произведени околу 100 милиони вакцини.

Вакцината на Оксфорд применува вирусен вектор базиран на ослабена верзија на вирусот на обична настинка, аденовирус, а содржи генетски материјал на САРС КоВ-2 од „шилести протеини“. Тоа е мембрански протеин одговорен за врзување на вирусот за клетките на домаќинот. Аденовирусот е избран за да може да создаде силен имунитетен одговоро од една деза и не се размножува, па не може да предизвика инфекција кај вакцинираното лице, наведе тој тогаш.

Кога почна работата на Оксфорд вакцината, СЗО соопшти дека седум вакцини -кандидати се во прва или втора фаза од клиничките испитувања.

За да биде една вакцина безбедна и ефикасна, би требало сега да се испитува на поголем број луѓе. Но тоа значи дека тие луѓе треба да бидат изложени на вирусот ковид за да се види дејстовото на вакцината и колкав имунолошки одговор ќе даде.

Руска вакцина ја заврши првата фаза

И на Универзитетот Сеченов во Русија успешно се завршени испитувањата на вакцината против коронавирус врз доброволци, а резултатите ја докажуваат нејзината ефикасност, изјави вчера Елена Смољарчук, шеф на истражувачкиот тим.

– Истражувањето е завршено и докажано дека вакцината е безбедна, волонтерите ќе бидат отпуштени на 15 и 20 јули, рече таа и додаде дека тие ќе останат под медицински надзор. Директорот на Институтот за медицинска паразитологија, тропски и трансмисиони болести при Универзитетот, Александар Лукашев исто така тврди дека во оваа фаза е потврдена безбедноста на вакцината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button